Софтвер за НКС и мрежи

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Софтвер за НКС и мрежи

Код: 3ФЕИТ07020

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. д-р Марија Календар

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање на компјутерски мрежи во различни околини и системи: авиони, воздухопловни мрежи, мрежи во транспорт и транспортни системи. Познавање на протоколи во современите компјутерски мрежи за Гигабитни брзини на пренос.

Содржина на предметната програма: Воздухопловни мрежи. Мрежи во авиони, цивилни и воени. Мрежи за управување со индустриски постројки. Мрежна инфраструктура  за системи за работа во реално време. Мрежи во транспорт и транспортни системи. Оптички и безжични оптички мрежи. Протоколи за упатување: EIGRP, OSPF, PNNI, IS-IS, RIP, Надежно поплавување; Хиерархиско упатување; EGP, BGP-4, CIDR. Достапност, Отпорност, Заштита/обнова, брзо ре-упатување; Квалитет на услуга (QoS) QoS спецификација, сообраќај, карактеризација, основни механизми; Распоредување QoS архитектури; Гарантирани услуги; Крај-крај адаптивни апликации, H.323 Архитектура OverQoS; Достава на содржина ; Моделирање на сообраќај (Traffic Engineering);  Дизајн на упатувачи со големи брзини;  Втора генерација на мрежни системи; Switch Fabric, Multi-Stage Fabrics; Препраќање, мапирање на порти; Комутација и поврзување;  Мрежни процесори: составен блок за програмабилни мрежи; CAM и Ternary CAM IXP ; XScale Core процесор; Microengines – RISC процесори; Micro-engine  C компајлер Предизвици при дизајнот на модерни комутатори од Tera-bit класата; 100Tb/s оптички упатувач,  Комутација со ознаки и MPLS; MPLS; RSVP; Ограничено упатување; Multicast; Multicast во LAN; IP Multicast архитектура; IGMP; Multicast на апликациско ниво.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Elecia White "Making Embedded Systems: Design Patterns for Great Software" O’Reilly Media 2011

2

W. Richard Stevens "UNIX Network Programming, Volume 2: Interprocess Communications, 2nd Ed" Prentice Hall 2012

3

W. R. Stevens, Garry Wright "TCP/IP Illustrated, Volume 1 & 2" Addison-Wesley 2001