Современи мехатронички системи

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Современи мехатронички системи

Код: 3ФЕИТ01016

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Миле Станковски

Цели на предметната програма: Успешното завршување на наставната дисциплина на студентите ќе им обезбеди: разбирање на системите како композиција од механика, електроника, управување и информатика; оспособеност за анализа на секоја компонента од мехатроничкиот систем пооделно; примена на мехатроничките системи во роботиката; проектирање на мехатронички роботички системи.

Содржина на предметната програма: Хибридни системи и намената и улогите на автоматика, електроника,  компјутерство, мехатроника, и роботика. Проблеми на спрегнување и интеракција. Електроничко-електромеханичка интеграција. Основи на задвижувачка динамика. Основни модели на конструктивни машински компоненти, електрични и хибридни сервомеханизми, електромеханички погони и актуатори. Механички вибрации, нишање, триење и нивната идентификација. Независно управување на задвижувани зглобови. Управување на силата. Управувана навигација на мобилни роботи и транспортери. Интегрирано управување на манипулациони роботи и роботски транспортери. Примена на линеаризација и мултиваријабилно управување. Стратегиско рамниште на управување во мехатроничко-роботички системи.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

V.S.BagadMechatronicsTechnical Publications2009

2

Godfrey OnwuboluMechatronics: Principles and ApplicationsButterworth-Heinemann2005

3

Robert H. BishopThe Mechatronics HandbookCRC PRESS2002