Предмет: Современи микроконтролери за проектирање вградливи системи
Код: 3ФЕИТ05026
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Јосиф Ќосев
Цели на предметната програма (компетенции): Го познава хардверот и софтверските алати за примена на современите 32/64-битни и повеќејадрени микроконтролери. Го разбира процесот на проектирање вградливи микрокомпутерски системи базирани врз спецификации. Владее техники на програмирање за реално време. Применува методи за енергетска пресметливост и ефикасност кај вградливите системи. Познава методи за заштита на податоците при интеракција со други системи и Интернет.
Содржина на предметната програма: Карактеристики на вградливите микрокомпјутерски системи и предизвици при дизајнот кај современите уреди. Улога на вградливите системи за енергетската ефикасност во контекст на масовната примена. Преглед на фамилијата 32/64-битни ARM Cortex микроконтролери, архитектура и инструкциско множество. Вградливи периферии и поврзување со надворешни уреди. Алати за развој Програмирање на ARM микроконтролерите во С и во асемблер. Методи за програмирање во реално време. Преглед на повеќејадрени опции и системи на чип. Аспекти на поврзувањето во Интернет на нешта (IoT). Студии на конкретни примени (case studies). Практична работа и микропроект. Опционо, примена на други фамилии микроконтролери.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Jean J. Lasbrosse | uC/OS-III The Real-Time Kernel | Micrium Press | 2010 |
2 |
A.N.Sloss, D.Symes and C. Wright | ARM System Developer’s Guide: Designing and Optimizing System Software | Elsevier Inc. | 2004 |
3 |
Yiu, Joseph. | The definitive guide to the ARM Cortex-M3 | Elsevier | 2010 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Derek Molloy | Exploring Raspberry Pi® Interfacing to the Real World with Embedded Linux ® | John Wiley & Sons, Inc. | 2016 |
2 |
Sarah L. Harris, David Money Harris | Digital Design and Computer Architecture ARM ® Edition | Morgan Kaufmann | 2016 |