1. | Наслов на наставниот предмет | Современи микроконтролери за проектирање вградливи системи | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ05035 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 6-АРСИ, 9-ВМС, 22-БЕ | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Јосиф Ќосев | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Го познава хардверот и софтверските алати за примена на современите 32/64-битни и повеќејадрени микроконтролери. Го разбира процесот на проектирање вградливи микрокомпутерски системи базирани врз спецификации. Владее техники на програмирање за реално време. Применува методи за енергетска пресметливост и ефикасност кај вградливите системи. Познава методи за заштита на податоците при интеракција со други системи и Интернет. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Карактеристики на вградливите микрокомпјутерски системи и предизвици при дизајнот кај современите уреди. Улога на вградливите системи за енергетската ефикасност во контекст на масовната примена. Преглед на фамилијата 32/64-битни ARM Cortex микроконтролери, архитектура и инструкциско множество. Вградливи периферии и поврзување со надворешни уреди. Алати за развој Програмирање на ARM микроконтролерите во С и во асемблер. Методи за програмирање во реално време. Преглед на повеќејадрени опции и системи на чип. Аспекти на поврзувањето во Интернет на нешта (IoT). Студии на конкретни примени (case studies). Практична работа и микропроект. Опционо, примена на други фамилии микроконтролери. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања или консултации, демонстрација на алати и техники, презентации на проекти, практична работа со развојни системи, изработка микропроект. |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 30 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 20 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 0 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 109 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 110 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Реализирани активности од предметот: на предавања/консултации или со изработена прва фаза од микропроектот или учество на работилница од областа или подготовка на труд за конференција. |
|||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот | Проект и/или труд на конференција | |||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | самоевалуација, анкета | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Yiu, Joseph. | The definitive guide to the ARM Cortex-M3 | Elsevier | 2010 | |||||||||
2. | Jean J. Lasbrosse | uC/OS-III The Real-Time Kernel | Micrium Press | 2010 | |||||||||
3. | A.N.Sloss, D.Symes and C. Wright | ARM System Developer’s Guide: Designing and Optimizing System Software | Elsevier Inc. | 2004 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Sarah L. Harris, David Money Harris | Digital Design and Computer Architecture ARM ® Edition | Morgan Kaufmann | 2016 |