Современи системи на релејна заштита

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Современи системи на релејна заштита

Код: 3ФЕИТ04022

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Антон Чаушевски

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со најновите технички решенија на релејната заштита од аспект на зголемување на сигурноста и доверливоста на ЕЕС. Се стекнува со знаења за проектирањето и подесување на параметрите на релејната заштита, како и со тенденциите во развој на современите заштитни системи во ЕЕС

Содржина на предметната програма: Пресметки и анализи на состојбите во електроенергетски систем (ЕЕС)  во стационарен режим и режим на грешки за добивање на мерените величини за потребите на релејната заштита.  Заштита на поедини енергетски елементи на ЕЕС: генератор, енергетски трансформатор, далекуводи и изводи, собирници и др. Анализа на работата на поедини видови заштити (прекуструјна, напонска,  дистантна и диференцијална заштита).  Самонадзор на релејната заштита. Сигнализација и пренос на податоци за заштитата. Можности за интегрирана заштита со користење на системите за надзор и управување во електроенергетска производна или разводна постројка. Развој на релејната заштита со користење на новите технологии во информациската и комуникациската технологија. Микропроцесорска и дигитална релејна заштита.  Испитување на релејните заштитни уреди и формирање бази на податоци за нивните карактеристики.  Методи за одлучување на замената на постојните заштитни системи  со нови современи решенија, како  и динамика на реализација.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

2. Stanley H . Horowitz and Ar un G . Phadke Power System Relaying John Wiley & Sons Ltd 2008

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

3. Arun G. Phadke, James S. Thorp Computer relaying for power systems John Wiley & Sons Ltd 2009