Стандарди и протоколи за Интернет на нешта

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Стандарди и протоколи за Интернет на нешта
2. Код 4ФЕИТ07016
3. Студиска програма 7-НКС, 8-КМ-ИНН
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Данијела Ефнушева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Оспособување на студентите за познавање на основните стандарди и протоколи за IoT системите. Проектирање и развој на софтвер за различен тип на IoT апликации, од аспект на размена на податоци во различни IoT сценарија.

11. Содржина на програмата:

Запознавање со основните стандарди и протоколи за IoT омрежување. Запознавање со постоечките стандарди и протоколи на физичко, податочно и мрежното ниво од протоколниот стек. Физички слој на нешта во IoT околина: сензори, актуатори, M2M комуникација. Интернет кај IoT уреди. Протоколи за комуникацијa помеѓу IoT уреди на податочно ниво: IEEE 802.15.4, 802.11ah, ZigBee, LoRaWAN, LTE-M, NB-IoT. Протоколи од мрежно ниво кај IoT: IPv6, RPL, 6LoWPAN, 6TiSCH. Посебен осврт на сесиските протоколи кај IoT, односно протоколите за размена на податоци, како што се MQTT, CoAP, XMPP, LwM2M, RESTfull HTTP итн. Искористување на отворените податочни протоколи за развој на IoT апликации. Примена на IoT системи: Интернет на луѓе, Интернет на возила, Интернет на медиа итн.

12. Методи на учење:

Предавања, самостојно учење, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и изработена семинарска работа.
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот, може да се полагаат тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. На крај на семестарот или во другите испитни сесии, се полага писмен испит во времетраење од најмногу 120 минути. Се изработува семинарска работа или проектна задача (тимска или индивидуална). Во конечната оценка влегуваат поените од испитот, тестовите и од семинарската работа или проектната задача. Со посебно упатство објавено пред секој испит, се уредува начинот на полагање и користењето на учебни помагала и електронски уреди за време на испитот.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.            Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Olivier Hersent, David Boswarthick, Omar Elloumi The Internet of Things: Key Applications and Protocols Wiley 2012
2. Simone Cirani, Gianluigi Ferrari, Marco Picone, Luca Veltri Internet of Things: Architectures, Protocols and Standards Wiley 2018
3. David Hanes, Gonzalo Salgueiro, Rob Barton IoT Fundamentals: Networking Technologies, Protocols, and Use Cases for the Internet of Things Cisco Press 2017
23.2.            Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Hwaiyu Geng  Internet of Things and Data Analytics Handbook  Wiley  2016