Предмет: Стандарди и регулатива за радиофреквенциски спектар
Код: 3ФЕИТ10030
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Владимир Атанасовски
Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со структурата и работата релевантните стандардизациски и регулаторни тела во доменот на радиофреквенциски спектар. Разбирање на напредни техники за управување со радиофреквенциски спектар.
Содржина на предметната програма: Регулатива во домен на радиофреквенциски спектар. Стратегии за алокација на спектар. Релевантни препораки и стандарди. Разлики на глобално ниво. Стандардизациски и регулаторни тела за радиофреквенциски спектар на глобално и локално ниво (ITU, ETSI, ISO, форуми). Значење на стандардизацијата. Релевантни документи и нивен домен на влијание (обврзувачки/необврзувачки). Организираност на работа. Флексибилно управување со спектар. Можности за реискористување на спектар. Релевантни сценарија и нови бизнис модели при флексибилно управување со спектар. Анализа на моментално актуелни стандарди во областа. ITU регулатива за мониторинг на спектар. Препораки и стандарди. Трендови во мониторинг на спектар. Стандардизирана мерна методологија за мерење на карактеристиките на безжичните сигнали (амплитуда, фреквенција, фаза, отстапување). Стандардизирана опрема за мерење и набљудување на радиофреквенциски спектар. Потреба од едукација во област на стандардизација и регулатива за радиофреквенциски спектар.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Jonathan E. Nuechterlein and Philip J. Weiser | Digital Crossroads: Telecommunications Law and Policy in the Internet Age | MIT Press | 2013 |
2 | Geoff Varrall | 5g Spectrum and Standards (Mobile Communications) | Artech House | 2016 |
3 | Rashid Abdelhaleem Saeed and Stephen J. Shellhammer | TV White Space Spectrum Technologies: Regulations, Standards, and Applications | CRC Press | 2011 |