Стандарди и регулатива за радиофреквенциски спектар

Објавено: март 13, 2019

Предмет: Стандарди и регулатива за радиофреквенциски спектар

Код: 3ФЕИТ10030

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. д-р Владимир Атанасовски

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со структурата и работата релевантните стандардизациски и регулаторни тела во доменот на радиофреквенциски спектар. Разбирање на напредни техники за управување со радиофреквенциски спектар.

Содржина на предметната програма: Регулатива во домен на радиофреквенциски спектар. Стратегии за алокација на спектар. Релевантни препораки и стандарди. Разлики на глобално ниво. Стандардизациски и регулаторни тела за радиофреквенциски спектар на глобално и локално ниво (ITU, ETSI, ISO, форуми). Значење на стандардизацијата. Релевантни документи и нивен домен на влијание (обврзувачки/необврзувачки). Организираност на работа. Флексибилно управување со спектар. Можности за реискористување на спектар. Релевантни сценарија и нови бизнис модели при флексибилно управување со спектар. Анализа на моментално актуелни стандарди во областа. ITU регулатива за мониторинг на спектар. Препораки и стандарди. Трендови во мониторинг на спектар. Стандардизирана мерна методологија за мерење на карактеристиките на безжичните сигнали (амплитуда, фреквенција, фаза, отстапување). Стандардизирана опрема за мерење и набљудување на радиофреквенциски спектар. Потреба од едукација во област на стандардизација и регулатива за радиофреквенциски спектар.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Jonathan E. Nuechterlein and Philip J. WeiserDigital Crossroads: Telecommunications Law and Policy in the Internet AgeMIT Press2013
2Geoff Varrall5g Spectrum and Standards (Mobile Communications)Artech House2016
3Rashid Abdelhaleem Saeed and Stephen J. ShellhammerTV White Space Spectrum Technologies: Regulations, Standards, and ApplicationsCRC Press2011