Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации

Последна измена: јули 12, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации
2. Код 4ФЕИТ10026
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ, 17-РЕЕКС, 20-ИМСА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Тони Јаневски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на курсот Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации се очекува студентот да знае да ги разбира главните принципи за стратешко планирање и иновации во телеком и Интернет средина. Се очекува да биде подготвен да креира полиси и стратегии за развој како и да поседува знаење за управување со телеком и Интернет иновации.

11. Содржина на програмата:

Конвергенција во телекомуникациите. Броадбанд стратегии и иновации. Развој на полиси. Улогата на стандардите. Менаџмент на иновации. Google модел, кориснички генерирани содржини. Apple iPhone модел. Мобилна и Интернет телефонија. Иновации во телевизијата (IPTV апликации). Иновативни сервиси/апликации во телеком/ИКТ. Мрежна неутралност, спектрална неутралност. Управување и регулирање на Интернет и телеком сервисите. Нови дигитални пазари и иновативни предизвици за идните телекомуникациски облак/IoT/AI сервиси и OTT сервисите преку јавниот Интернет.

12. Методи на учење:

Предавања; самостојно проучување и презентација на трудови од списанија и зборници на конференции; самостојно проучување и презентација на практични примери од областа; интерактивни дискусии.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода  5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода  6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода  7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода  8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода  9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Нема
20. Начин на полагање на испитот Се полага преку изработка на полагање на испит или два колоквиуми (50% од оценката) и изработка на труд-семинарска работа (50% од оценката).
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. ITU, Telecommunication Development Sector Regulatory & Market Environment – Regulating Broadband Prices, ITU Broadband Series International Telecommunication Union (ITU) 2012
2. Toni Janevski NGN Architectures, Protocols and Services John Wiley & Sons 2014
3. International Telecommunication Union – Development Sector Emerging technology trends: Artificial intelligence and big data for development 4.0 International Telecommunication Union (ITU) 2021