Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации

Објавено: февруари 12, 2019

Предмет: Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации

Код: 3ФЕИТ10032

Број на ЕКТС кредити: 4 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+0+0+2

Наставник: Проф. д-р Тони Јаневски

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации се очекува студентот да знае да ги разбира главните принципи за стратешко планирање и иновации во телеком и Интернет средина. Се очекува да биде подготвен да креира полиси и стратегии за развој како и да поседува знаење за управување со телеком и Интернет иновации.

Содржина на предметната програма: Конвергенција во телекомуникациите. Броадбанд стратегии и иновации. Развој на полиси. Улогата на стандардите. Менаџмент на иновации. Google модел, кориснички генерирани содржини. Apple iPhone модел. Мобилна и Интернет телефонија. Иновации во телевизијата (IPTV апликации). "Killer" сервиси/апликации. Мрежна неутралност, спектрална неутралност. Управување и регулирање на Интернет.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Robert Marcus, Collins HemingwayThe Fifth Wave: A Strategic Vision for Mobile Internet Innovation, Investment and ReturnRobert Marcus, Collins Hemingway2012
2Toni JanevskiNGN Architectures, Protocols and ServicesJohn Wiley & Sons2014
3ITU, Telecommunication Development SectorRegulatory & Market Environment – Regulating Broadband Prices, ITU Broadband SeriesInternational Telecommunication Union (ITU)2012