1. Наслов на наставниот предмет | Техника на висок напон 1 | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09З022 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕС,ЕЕПМ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/5 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Јорданчо Ангелов | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Основи на електротехника, Основи на електрични кола Ислушани: Електрични машини и трансформатори |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Разбирање на начинот на изолирање на елементите на ЕЕС. Познавање на својствата на изолацијата, начинот на нејзин избор, димензионирање и промени во текот на експлоатацијата. Оспособеност за примена на постапки и методи за испитување на изолацијата. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед. Диелектрици во електрично поле. Видови на поларизација во диелектриците. Примери на електрично поле во диелектрици. Електрична спроводливост на диелектриците. Диелектрични загуби. Модел на диелектрикот. Гасни изолациони материјали. Течни изолациони материјали. Цврсти изолациони материјали. Испитни напони. Добивање на високи наизменични напони со индустриска фреквенција. Добивање на високи еднонасочни напони. Добивање на импулсни напони. Добивање на високи наизменични напони со висока фреквенција. Лабораторија за висок напон на ФЕИТ. Мерење на високи напони. Сферно искриште. Електростатски волтметар. Делители на напон за еднонасочни и наизменични напони. Делители на напон за импулсни напони. Волтметри за мерење на максимални вредности. Пробив во гасови. Пробив во течни диелектрици. Пробив во цврсти диелектрици. Електрично стареење на изолацијата. Топлинско стареење на изолацијата. Механичко стареење на изолацијата. Изолациони конструкции. Надворешна изолација. Внатрешна изолација. Методи за испитување на изолацијата – профилактика на изолацијата. Недеструктивни методи за контрола на изолацијата. Испитување на изолацијата со зголемен напон. Недеструктивни неелектрични методи за контрола на изолацијата. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на лабораториски вежби | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на предавањата, вежбите и изработка на лабораториските вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Писмен испит: три теста во текот на семестарот (по 90 min) или завршен испит (120 min). Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти. За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Мирко Тодоровски | Техника на висок напон 1 | ФЕИТ-Скопје | 2014 | ||||
2 | Јорданчо Ангелов | Упатство за лабораториски вежби по техника на висок напон 1 | ФЕИТ-Скопје | 2021 | ||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Е. Куфел, В.С. Зенгл, Ј. Куфел | Техника на висок напон, второ издание | Newnes | 2000 | ||||
2 | Ристо Миновски | Техника на висок напон | ЕТФ-Скопје | 1982 |