Техники на истражувањe во телекомуникациите

Објавено: февруари 12, 2019

Предмет: Техники на истражувањe во телекомуникациите

Код: 3ФЕИТ10037

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. д-р Перо Латкоски

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот се очекува студентот да владее со широк спектар на методи и техники кои се применуваат во истражувачката дејност специфична за научната област телекомуникации, што директно ќе му помогне на студентот во успешна изработка на истражувачкиот проект и магистерската теза.

Содржина на предметната програма: Основни фази на истражувачкиот процес специфичен за проблемите од областа телекомуникации. Основи на аналитичко и емпириско научно истражување. Експериментално базирано истражување и анализа во телекомуникациите. Описни статистики и тестирање на хипотези. Формални и симулациски базирани методи за истражување на перформансите на телекомуникациските протоколи, мрежи и системи.  Комбинирање на научно-истражувачки методи и споредба на резултати. Етика на истражување. Дисеминација на резултати од истражувањето. Изработка на студија. Изработка на демонстрација (демо платформа). Изработка на прототип. Научно-истражувачка публикација (труд на конференција, списание, теза). Презентирање на резултати.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Jason S. Wrench, Candice Thomas-Maddox, Virginia Peck Richmond, James C. McCroskeyQuantitative Research Methods for CommunicationsOxford University Press2012
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Gerianne Merrigan, Carole L. HustonCommunication Research MethodsOxford University Press2008
2Thomas R. Lindlof, Bryan C. TaylorQualitative Communication Research MethodsSage Publications2010