Техники за дизајн на компјутерски системи

Последна измена: ноември 13, 2019

Предмет: Техники за дизајн на компјутерски системи

Код: 3ФЕИТ07023

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник:  Доц. д-р Даниела Ефнушева, Проф. д-р Татјана Николиќ

Цели на предметната програма (компетенции): Познавање и користење на методи и техники за развој на наменски систем во чип, интегрирани кола и компоненти. Развој на платформско специфични компоненти (мрежа, видео интерфејс, безжична комуникација).

Содржина на предметната програма: Вовед во наменски компјутерски системи. Историја и преглед на вградливи наменски системи. Систем-на-чип дизајн.Архитектура на вградливи компјутерски системи. Модели и методологии на системски дизајн. Рапределба помеѓу хардвер и  софтвер. Дизајн на наменски компјутерски системи. Моделирање и симулација на системи-на-чип. Функциско-архитектурен кодизајн. Дизајн базиран на дестинациската платформа. Пресликување на архитектура.  Јазици за опис на хардверот (Verilog HDL, VHDL, SystemC). Верификација на дизајн и тестабилност кај вградливи системи.  Систем на чип (SoC) и IP-јадра. Користење на IP-јадра за дизајн на систем-на-чип.  Техники за дизајнирање на енергетски ефикасни и зелени (green) наменски и стандардни компјутерски системи.Генерален Влез/Излез. Сериски комуникации (I2C, SPI IrDA, Uarts). Аналоген Влез/Излез.  Микроконтролери 8-битни и 16-битни, Меморија, Влез/Излез, асемблерско програмирање. Компјутерски мрежи во индустриски услови. Апликации во индустриски услови. Работа во реално време.   Хардверско-софтверски интерфејси и реконфигурабилно пресметување. Дизајн на комуникациски дел за вградливи компјутерски системи. Проектирање на енергетски ефикасни компјутерски системи со многу висока  пресметувачка моќ. Синтеза на интерфејси.  Јазици за опис на дигитални електронски склопови. Околини за проектирање и развој на дигитални интегрирани кола. Практични примери за проектирање интегрирани кола.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М. Balch, ”Complete Digital Design” McGraw-Hill 2000

2

D. M. Harris, S. L. Harris “Digital Design and Computer Architecture”, 2nd Ed. Morgan Kaufman 2012

3

M. Gilliland, K. Gracey “The Microcontroller Application Cookbook” Woodglen Press 2000

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

W. Wolf “Modern VLSI Design: System-on-Chip Design”, 3rd Ed. Prentice Hall 2002