Техники за реално време и DSP микроконтролери

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Техники за реално време и DSP микроконтролери
2. Код 4ФЕИТ05036
3. Студиска програма 9-ВМС, 10-ДПСМ, 18-ЕНЕЛ 
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Јосиф Ќосев
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Ги познава можностите и ограничувањата кај DSP, познава архитектура и инструкциско множество на конкретни DSP, владее со алати за програмирање на DSP, умее да имплементира и оптимизира алгоритми во DSP околина согласно процесирачката и/или управувачката функција.

11. Содржина на програмата:

Примери за примена во реално време, примери за фамилии DSP, општи правила за избор Детална архитектура на конкретни DSP (TMS320C55xx, MC56800E, C2000) Инструкциско множество Развојна околина (Code Composer Studio, Code Warrior, Processor Expert ) Специфики на целобројна аритметика кај DSP Преглед на перифериите Библиотеки и оптимизација за работа во реално време DSP екстензии кај современите микроконтролери, Проект согласно потесниот интерес – аудио процесирање или видео процесирање или пресметковно интензивни управувачки алгоритми.

12. Методи на учење:

Предавања или консултации, демонстрација на алати и техники, презентации на проекти, практична работа со развојни системи, изработка микропроект.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи  30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50бода 5 (пет) (F)
од 51до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Активност на предавања/консултации или пишана подготовка за проектот или учество на работилница
20. Начин на полагање на испитот Проект и/или труд на конференција
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата самоевалуација, студентска анкета
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Hermann Kopetz REAL-TIME SYSTEMS

Design Principles for Distributed Embedded Applications

KLUWER ACADEMIC PUBLISHERS 1997
2. Robert Oshana DSP Software Development Techniques for Embedded and Real-Time Systems Elsevier 2006
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Sen M. Kuo, Bob H. Lee, Wenshun Tian Real-Time Digital Signal Processing: Implementations and Applications Wiley 2006
2. Freescale semiconductor  DSP56800E Reference Manual  16-bit Digital Signal Controller Core  Freescale semiconductor  2005
3.  Texas Instruments  TMS320C55x DSP CPU Reference Guide / Programmer’s Guide  Texas Instruments  2004