Технологии за добивање енергија од биомаса

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Технологии за добивање енергија од биомаса

Код: 3ФЕИТ08033

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Антон Чаушевски, проф. д-р Маргарита Гиновска

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на овој курс студентот стекнува знаења за начините на искористување на енергијата од биомаса ( од растително и животинско потекло). Запознавање  со технологиите на искористување на отпадните биомаси за енергетски цели: производство на биогорива, топлина и електрична енергија.

Содржина на предметната програма: Енергија на биомасите – главни извори, класификација, трансформации, трендови на развој.  Теориски основи –  Термодинамика на процесот – енергија, термохемиско согорување, масен и енергетски биланс. Анаеробни процеси, типови на дигестори.  Напредни технологии за конверзија: основи на технологиите за конверзија (согорување, гасификација, пиролиза). Техноекономски аспекти на искористување на биомасата. Втора генерација биогорива – горива на иднината кои допринесуваат за почиста животна средина и забрзан економски развој. Биодизел – производство, карактеристики, можности за употреба. Производство и примена на биогас. Генерирање на моќност и производство на топлина од биомасa од градскиот отпад. Комбинирани постројки за производство на топлинска и електрична енергија  од биомаса.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Caye M. Drapcho, Ph.D. Nghiem Phu Nhuan, Ph.D. Terry H. Walker, Ph.D. Biofuels engineering process technology MecGrow Hill -2008

2

Miro R. Susta, Peter Luby, INGCHEM, Dr. Sohif Bin Mat Biomass Energy Utilization & Environment Protection – Commercial Reality and Outlook Taylor & Francis Group 2009

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

F. Rosillo- Calle, P. de Groot, S. Hemstock The Biomass Assesment Handbook, Biomass for Sustainable Environment MecGrow Hill 2008008