Технологии за сончеви ќелии

Последна измена: ноември 6, 2019

Предмет: Технологии за сончеви ќелии

Код: 3ФЕИТ08034

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: проф. д-р Маргарита Гиновска

Цели на предметната програма (компетенции): Со завршувањето на овој курс студентот се запознава  детално со постоечките технологии на сончеви ќелии кои се користат во комерцијална употреба, како и можностите за нивно моделирање и подобрување.  Исто така студентот стекнува знаења од областа на напредните технологии на сончеви ќелии и нано технологиите за сончеви ќелии, со перспективи и можности за нивна примена. Студентот се оспособува за примена на  сончевите ќелии за добивање фотоволтаичната енергија како обновлив извор на енергија.

Содржина на предметната програма: Вовед во технологиите за сончеви ќелии. Класификација на сончевите ќелии според материјалот, конструкцијата, ефикасноста, начинот на поврзување, големината и формата. Прва генерација сончеви ќелии – конвенционални технологии на силициумски сончеви ќелии. Втора генерација сончеви ќелии – тенкослојни сончеви ќелии со аморфен силициум, CIS/CIGS или CdTe – карактеризација и моделирање. Можности за примена на тенкослојните сончеви ќелии за тераватно производство. Трета генерација на сончеви ќелии: сензитивни сончеви ќелии DSCC; органски фотоволтаици – добивање, карактеристики и моделирање. Нанотехнологии во сончевите ќелии. Развој на следната генерација сончеви ќелии и нивни апликации.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. Luque and S. Steven Handbook of Photovoltaic Science and Engineering John Wiley & Sons, 2003

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Martin A. Green Third Generation Photovoltaics: advanced solar energy conversion Birkhauser 2006

2

J. Poortmans and V. Arkhipov Thin Film Solar Cells – Fabrication, Characterisation and Applications Wiley& Sons. Ltd, 2005