1. | Наслов на наставниот предмет | Технологии за сончеви ќелии | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ08029 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 1-ОИЕ, 16-МНТ | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Маргарита Гиновска | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Со завршувањето на овој курс студентот се запознава детално со постоечките технологии на сончеви ќелии кои се користат во комерцијална употреба, како и можностите за нивно моделирање и подобрување. Исто така студентот стекнува знаења од областа на напредните технологии на сончеви ќелии и нано технологиите за сончеви ќелии, со перспективи и можности за нивна примена. Студентот се оспособува за примена на сончевите ќелии за добивање фотоволтаична енергија како обновлив извор на енергија. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Вовед во технологиите за сончеви ќелии. Класификација на сончевите ќелии според материјалот, конструкцијата, ефикасноста, начинот на поврзување, големината и формата. Прва генерација сончеви ќелии – конвенционални технологии на силициумски сончеви ќелии. Втора генерација сончеви ќелии – тенкослојни сончеви ќелии со аморфен силициум, CIS/CIGS или CdTe – карактеризација и моделирање. Можности за примена на тенкослојните сончеви ќелии за тераватно производство. Трета генерација на сончеви ќелии: сензитивни сончеви ќелии DSCC; органски фотоволтаици – добивање, карактеристики и моделирање. Нанотехнологии во сончевите ќелии. Развој на следната генерација сончеви ќелии и нивни апликации. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, тимска работа, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 30 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 20 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 0 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Семинарска работа | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот | писмен и устен дел | |||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | A.M.Elseman | Solar Cells – Theory, Materials and Recent Advances | Intech Open | 2021 | |||||||||
2. | A. Luque and S. Steven | Handbook of Photovoltaic Science and Engineering | John Wiley & Sons | 2003 | |||||||||
3. | |||||||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Agata Zdyb | Third Generation Solar cells | Taylor& Francis | 2022 | |||||||||
2. | Michael Grätzel, Shahzada Ahmad, Samrana Kazim | Perovskite Solar Cells: Materials, Processes, and Devices | Wiley‐VCH GmbH | 2022 | |||||||||
3. | J. Poortmans and V. Arkhipov | Thin Film Solar Cells – Fabrication, Characterisation and Applications | Wiley& Sons. Ltd | 2005 |