Технолошки иновации

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Технолошки иновации

2.    Код

3ФЕИТ08Л015

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

3.00

8.    Наставник

Д-р Христина Спасевска

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Студентите ќе се стекнат основни знаења за управување со иновативниот процес, процесот за патентирање, механизмите за подршка и иновациите во новите технологии. Со примена на  методи за индивидуално и тимско планирање и толкување, студентите ќе ги развиваат своите иновативни идеи, креативното размислување и вештините за спроведување на иновативни проекти.

11.    Содржина на програмата: Поим и дефиниција за иновација и иноваторство. Иновација и креативност. Препознавање на можности и генерирање идеи. Видови иновации. Иновациски процес. Управување на иновациски процес. Интелектуална сопственост кај иновациите. Патент процес за патентирање. Лиценца, франшиза и трговска марка. Иновациски стратегии. Алатки и механизми за поддршка на иновациите и нивна комерцијализација. Иновативни процеси и технологија.  Технолошки иновации. Анализа на индустријата и конкурентност. Трансфер на технологии. Модел на тројна спирала. Еволуција на моделите на тројна спирала. Вовед во организациски модели за трансфер на технологии. Технолошки парк, акцелератор, инкубатор, спин-оф и старт-ап компанија.

12.    Методи на учење: Предавања, презентации, аудиториски вежби

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 1 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

90

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

15

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

15

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

15

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

30

17.3. Активност и учење

20

17.4. Завршен испит

40

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата

20.    Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. За студентите кои ги положиле парцијалните испити се смета дека испитот е положен. Останатите студенти полагаат завршен испит нa целиот наставен материјал (времетраење 120 минути). Во текот на семестарот студентите изработуваат семинарски работи. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити / завршниот испит, тестовите и семинарските работи

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Христина Спасевска Учебно помагало по предметот технолошки иновации

2

Мирјана Станковиќ и Братислав Станковиќ Трансфер на технологии во РМ ДЗИС 2013

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Peter F. Drucker Innovation and Entrepreneurship Harper & Row 2006

2

Melissa A. Schilling Strategic Management of Technological Innovation Mc Graw Hill Education 2016