Телекомуникациски протоколен инженеринг

Последна измена: јули 28, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Телекомуникациски протоколен инженеринг
2. Код 4ФЕИТ10027
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Перо Латкоски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на курсот се очекува студентот да ги владее напредните концепти за инженеринг на телекомуникациските протоколи од второ и повисоко протоколно ниво и да демонстрира способност за истражувачка работа во областа.

11. Содржина на програмата:

Спецификација и опис на телекомуникациските протоколи од второ и повисоко протоколно ниво. Анализа и дизајн на комуникациските протоколи. Протоколен инженеринг и подобрување на ефикасноста на протоколите. Имплементација, тестирање и верификација на перформансите на процедурите дефинирани со телекомуникациските протоколи. Аналитички, симулациски и формални методи за евалуација на перформансите на процедурите и споредба на нивните резултати. Разработка на конкретни примери од современите широкопојасни безжични телекомуникациски технологии.

12. Методи на учење:

Предавања; самостојно проучување и презентација на трудови од списанија и зборници на конференции; самостојно проучување и презентација на практични примери од областа; интерактивни дискусии

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит нема
20. Начин на полагање на испитот преку семинарска работа/проект и писмен тест
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Pero Latkoski, Borislav Popovski Communication Protocol Engineering of Wireless Networks: Modeling and Optimization VDM Verlag Dr. Müller 2010
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Miroslav Popovic Communication Protocol Engineering  CRC Press  2016