1. Наслов на наставниот предмет | Телекомуникациски системи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ10З028 | |||||||
3. Студиска програма | ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/5 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Борислав Поповски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Ислушан: Основи на телекомуникации | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Со успешно положување на предметот, студентот се стекнува со способност да: 1. Анализира дигитални комуникациски системи засновани на различни технологии: светловод, бакарни водови, хибридни оптичко-коаксијални водови, сателитски линкови. 2. Споредува и прави селекција во однос на барањата за пропусен опсег, расположивост и сложеност на комуникациско решение засновано на светловод, xDSL, HFC или сателитски линк. 3. Разбира како функционираат оптичките компоненти, мономоден и мултимоден светловод, каплери, конектори, оптички засилувачи. 4. Дизајнира и тестира комуникациски системи за наоѓање на соодветно комуникациско решение. 5. Утврдува и врши мерење на основни системски оштетувања и предлага методи за нивно надминување. 6. Оперира со мерна инструментација за мерење на карактеристиките на комуникациските системи. 7. Изработува квалитетни технички извештаи. Дополнително, студентот се стекнува со пошироки способности да: 1. Утврдува, формулира и решава сложени инженерски задачи користејки инженерски и научни постапки и принципи. 2. Презентира и комуницира на ефикасен начин со различна публика. 3. Развива и изведува соодветни експерименти, анализира и толкува податоци и користи инженерска проценка за изведување заклучоци. 4. Стекнува и применува нови знаења користејки соодветни методи на учење. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Преносни карактеристики на светловодите, слабеење, дисперзија, нелинеарност. Светлосни извори и премници. Пасивни и активни оптички компоненти (каплери, филтри, мултиплексери на банови должини, засилувачи). Шум и детекција. Веројатност на грешка. Буџет на линк. Хибридни коаксиални мрежи HFC, DOCSIS. Дигитални претплатнички линии xDSL, VDSL, VDSL векторски. Радио-релејни системи. Сателитски системи. Споредба на различните технологии и нивна оптимална примена во пракса. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа, работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 20 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 20 | |||||||
16.3. Домашно учење | 65 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 60 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). | |||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Joseph C. Palais | Fiber Optic Communications | Pearson | 2005 | ||||
2 | A.Shami, M.Maier, C.Assi | Broadband Access Networks, Technologies and Deployments | Springer Science | 2009 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Jeremy E. Allnutt and Timothy Pratt | Satellite Communications | Wiley | 2019 |