Телекомуникациски системи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Телекомуникациски системи
2. Код 4ФЕИТ10З028
3. Студиска програма ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Борислав Поповски
9. Предуслов за запишување на предметот Ислушан: Основи на телекомуникации
10. Цели на предметната програма (компетенции). Со успешно положување на предметот, студентот се стекнува со способност да:
1. Анализира дигитални комуникациски системи засновани на различни технологии: светловод, бакарни водови, хибридни оптичко-коаксијални водови, сателитски линкови.
2. Споредува и прави селекција во однос на барањата за пропусен опсег, расположивост и сложеност на комуникациско решение засновано на светловод, xDSL, HFC или сателитски линк.
3. Разбира како функционираат оптичките компоненти, мономоден и мултимоден светловод, каплери, конектори, оптички засилувачи.
4. Дизајнира и тестира комуникациски системи за наоѓање на соодветно комуникациско решение.
5. Утврдува и врши мерење на основни системски оштетувања и предлага методи за нивно надминување.
6. Оперира со мерна инструментација за мерење на карактеристиките на комуникациските системи.
7. Изработува квалитетни технички извештаи.
Дополнително, студентот се стекнува со пошироки способности да:
1. Утврдува, формулира и решава сложени инженерски задачи користејки инженерски и научни постапки и принципи.
2. Презентира и комуницира на ефикасен начин со различна публика.
3. Развива и изведува соодветни експерименти, анализира и толкува податоци и користи инженерска проценка за изведување заклучоци.
4. Стекнува и применува нови знаења користејки соодветни методи на учење.
11. Содржина на програмата: Преносни карактеристики на светловодите, слабеење, дисперзија, нелинеарност. Светлосни извори и премници. Пасивни и активни оптички компоненти (каплери, филтри, мултиплексери на банови должини, засилувачи). Шум и детекција. Веројатност на грешка. Буџет на линк. Хибридни коаксиални мрежи HFC, DOCSIS. Дигитални претплатнички линии xDSL, VDSL, VDSL векторски. Радио-релејни системи. Сателитски системи. Споредба на различните технологии и нивна оптимална примена во пракса.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа, работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 20
16.2. Самостојни задачи 20
16.3. Домашно учење 65
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и изработени лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути).
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Joseph C. Palais Fiber Optic Communications Pearson 2005
2 A.Shami, M.Maier, C.Assi Broadband Access Networks, Technologies and Deployments Springer Science 2009
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Jeremy E. Allnutt and Timothy Pratt Satellite Communications Wiley 2019