Телесообраќаен инженеринг и мрежно планирање

Последна измена: јули 28, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Телесообраќаен инженеринг и мрежно планирање
2. Код 4ФЕИТ10028
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Владимир Атанасовски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Разбирање на напредни сообраќајни концепти за следна генерација телекомуникациски мрежи. Димензионирање и планирање на телекомуникациски мрежи од сообраќаен аспект.

11. Содржина на програмата:

Неопходни концепти од теорија на веројатност. Маркови модели. Регенеративни процеси. M/G/1 ред на чекање. Анализа на M/G/1-FIFO ред на чекање. Анализа со вгнезден Марков модел. Анализа на M/G/1-PS ред на чекање. Фазна метода. Анализа на M/G/1-LIFO ред на чекање. Воведување приоритетност. Идеална опслужувачка дисциплина за M/G/1 редови на чекање. Примена на редови на чекање за анализа на перформанси на телекомуникациски мрежи. Сообраќајни матрици. Топологии. Рутирачки принципи. Апроксимативни и егзактни методи за пресметка. Контрола на оптоварување и заштита на услуга. Принцип на Мое. Повеќесервисни системи со редови на чекање. Типови. Мрежи од редови на чекање. Симетрични системи со редови на чекање. Отворени мрежи. Теорема на Џексон. Затворени мрежи. Мерење на сообраќај. Континуални и дискретни мерења. Примена на модели од теорија на веројатност и стохастички процеси за анализа на измерен сообраќај. Моделирање на Интернет сообраќај. Стандарди и регулатива за мрежно планирање. ITU препораки за телесообраќаен инженеринг. Предвидување на сообраќај во реални мрежи. Економија на телекомуникациски мрежи. Истражувачки предизвици во областа.

12. Методи на учење:

Предавања, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 30 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата/консултации

20. Начин на полагање на испитот

Писмен испит во времетраење од макс 120 минути во соодветна испитна сесија и презентација на изработена семинарска работа. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, дозволен е само калкулатор

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Villy Baek Iversen Teletraffic Engineering and Network Planning DTU Fotonik 2015
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Haruo Akimaru and Konosuke Kawashima Teletraffic: Theory and Applications (Telecommunication Networks and Computer Systems)  Springer  2011