Теорија на кодирање и сигурносни комуникации

Објавено: февруари 12, 2019

Предмет: Теорија на кодирање и сигурносни комуникации

Код: 3ФЕИТ10036

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Александар Ристески

Цели на предметната програма (компетенции): Подготвеност за подлабока анализа на кодови и кодни шеми; примена на кодни техники во различни технологии и системи; подлабока анализа на криптографски протоколи, алгоритми и сигурносни механизми и нивна примена во ИКТ системи. Подготвеност да се занимава и со научно-истражувачка работа во овие области.

Содржина на предметната програма: Преглед на современи кодни техники: примена на кодни шеми во оптички / безжични-мобилни/сателитски комуникациски и ИКТ системи. Анализа на перформанси на различни кодови: Reed-Muller, BCH, Reed-Solomon, LDPC и др. Анализа на перформансите на конкатенирани кодни шеми и итеративно декодирање. Нови трендови во кодните техники. Напредни криптографски техники за обезбедување на сигурносни комуникации. Сигурносни аспекти на современи ИКТ системи. Стеганографски техники, анализа и примена.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Tom Richardson, Ruediger UrbankeModern Coding TheoryCambridge University Press2008
2Darel Hankerson, Alfred Menezes, Scott VanstoneGuide to Elliptic Curve CryptographySpringer2004
3Alexander SergienkoQuantum communications and cryptographyCRC2005
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки и друга литература.