1. | Наслов на наставниот предмет | Теорија на кодирање, сигурносни комуникации и blockchain технологии | ||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ10030 | ||||||||||
3. | Студиска програма | 11-ИБС, 12-КИТ, 20-ИМСА | ||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | ||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | ||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | |||||||
8. | Наставник | Д-р Александар Ристески | ||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | |||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Подготвеност за подлабока анализа на кодови и кодни шеми; примена на кодни техники во различни технологии и системи; подлабока анализа на криптографски протоколи, алгоритми и сигурносни механизми и нивна примена во ИКТ системи; подлабока анализа и примена на blockchain технологии. Подготвеност да се занимава и со научно-истражувачка работа во овие области. |
|||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Преглед на современи кодни техники: примена на кодни шеми во оптички / безжични-мобилни/сателитски комуникациски и ИКТ системи. Анализа на перформанси на различни кодови: Reed-Muller, BCH, Reed-Solomon, LDPC и др. Анализа на перформансите на конкатенирани кодни шеми и итеративно декодирање. Нови трендови во кодните техники. Напредни криптографски техники за обезбедување на сигурносни комуникации. Сигурносни аспекти на современи ИКТ системи. Стеганографски техники, анализа и примена. Трендови кај дигиталните и крипто-валутите. Трендови кај blockchain технологиите. Анализа и имплементација на blockchain технологиите. |
|||||||||||
12. | Методи на учење:
Предавања; самостојно проучување и презентација на трудови од списанија и зборници на конференции; самостојно проучување и презентација на практични примери од областа; интерактивни дискусии. |
|||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | ||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | ||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | ||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | ||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | ||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | ||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | ||||||||||
17. | Начин на оценување | |||||||||||
17.1 | Тестови | 10 бодови | ||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 70 бодови | ||||||||||
17.3. | Активност и учење | 0 бодови | ||||||||||
17.4. | Завршен испит | 20 бодови | ||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | |||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | |||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | |||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | |||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | |||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | |||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и изработена семинарска работа. | ||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот, може да се полагаат тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. На крај на семестарот или во другите испитни сесии, се полага писмен испит во времетраење од најмногу 90 минути. Се изработува семинарска работа или проектна задача (тимска или индивидуална). Во конечната оценка влегуваат поените од испитот, тестовите и од семинарската работа или проектната задача. Со посебно упатство објавено пред секој испит, се уредува начинот на полагање и користењето на учебни помагала и електронски уреди за време на испитот. |
||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | ||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација и анкети | ||||||||||
23. | Литература | |||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | |||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||
1. | Charlie Kaufman, Radia Perlman, Mike Speciner, Ray Perlner | Network Security: Private Communication in a Public World, 3rd Ed. | Addison-Wesley Professional | 2022 | ||||||||
2. | Niaz Chowdhury | Inside Blockchain Bitcoin and Cryptocurrencies | CRC | 2018 | ||||||||
3. | Tom Richardson, Ruediger Urbanke | Modern Coding Theory | Cambridge University Press | 2008 | ||||||||
23.2. | Дополнителна литература | |||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||
1. | Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки, закони и други национални и меѓународни нормативни акти, и друга литература. |