Термичка анализа и проектирање на микроелектронски кола

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Термичка анализа и проектирање на микроелектронски кола

Код: 3ФЕИТ12009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Славка Цанова

Цели на предметната програма (компетенции): Целта на предметот е студентот  да ја разбере термичката анализа на интегрираните кола и да се стекне со знаења за техниките на прераспределба и одведување на топлината. По завршување на курсот, студентот ќе биде оспособен да дизајнира интегрирани кола кои ќе задоволуваат дадени термички карактеристики.

Содржина на предметната програма: Вовед во термичка анализа. Термичка анализа на интегрирани кола и нејзиното значење.Преглед на активни истражувања во областа на термичката анализа на микроелектронските кола. Нaпредни решенија за дистрибуција на топлината низ итегрираните кола. Примери за интегрирани кола со квалитетен термички дизајн.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Robert Speyer Thermal Analysis of Materials (Materials Engineering) CRC Press 1993
2 Harita Machiraju Thermal Analysis and Design of a MEMS-based Safety and Arming System ProQuest 2007
3 Weste and Harris CMOS VLSI Design, 4th edition Addison-Wesley/Pearson 2010