Управување и диспечинг во ЕЕС

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Управување и диспечинг во ЕЕС

2.    Код

3ФЕИТ09З025

3.    Студиска програма

ЕЕС

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Александра Крколева Матеска

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување основни знаења за принципите на управување и системите за управување на електроенергетските системи, нивната структура и функции (следење, управување и оптимизација). Разбирање на основните принципи на регулација на фреквенција и напони во електроенергетски системи.

11.    Содржина на програмата: Потреба од управување во електроенергетските системи (ЕЕС). Задачи на системите за управување на ЕЕС (следење, управување, оптимизација). Комуникациските системи во ЕЕС, комуникациски и мрежни протоколи. Прибирање мерени податоци од ЕЕС (телемерења). Основни карактеристики на SCADA и примена во ЕЕС. Современи системи за управување на ЕЕС, нивна структура (EMS, DMS) и функции. Национални контролни (диспечерски центри) и диспечерски центри во дистрибутивни системи. Методи за следење и оценување на состојба на ЕЕС. Интерконектирани ЕЕС – основни поими и дефиниции. Основни принципи и методи за регулација на фреквенција и регулација на напони во ЕЕС. Математичка формулација на оптимизационите проблеми во на управување. Работни состојби во ЕЕС и управување на ЕЕС во вонредни работни состојби.

12.    Методи на учење:Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на предавањата и вежбите.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. J. Wood, B. F. Wollenberg Power Generation, Operation and Control John Wiley & Sons 1996

2

A. Abur, A. G. Exposito Power System State Estimation Marcel Dekker 2004

3

A. S. Debs Modern Power Systems Control and Operation Kluwer Academic Publishers 1988

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

А. Крколева, П. Крстевски Управување и диспечинг во ЕЕС (интерна скрипта) Интерна скрипта 2016

2

S. A. Boyer SCADA: Supervisory Control and Data Acquisition Iliad Engineering 2004

3

P. Kundur Power Systems Stability and Control McGraw-Hill 1994