Управување со предвидување базирано на модел

Последна измена: ноември 13, 2019

Предмет: Управување со предвидување базирано на модел

Код: 3ФЕИТ01018

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник:  Доц. д-р Горјан Наџински

Цели на предметната програма (компетенции): Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со методите и алгоритмите за управување базирано на модел. После положувањето на овој предмет студентот ќе биде оспособен за работа со дел од најпознатите методи на управување базирано на модел во MATLAB. Исто така студентите ќе можат и самостојно, без употреба на готови алатки да проектираат и практично да реализираат вакви управувачи.

Содржина на предметната програма: Вовед во напредните концепти на управување во процесната индустрија. Осврт на карактеристиките на индустриските процеси кои се клучни во управувањето базирано на модел. Презентирање на основната идеја за управување базирано на модел; математичка презентација и практична реализација. Проектирање на управувачи за тестен систем во програмски јазик по избор.