1. Наслов на наставниот предмет | Управување на електроенергетски објекти | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ04З024 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕПМ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Невенка Китева Роглева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Разводни постројки | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). студентите ќе се стекнат со стручни знаења за системи за управување, мониторинг и заштита на електроенергетските објектите. Студентите ќе можат да ги дефинираат нивоите на управување, да ги објаснат принципите на управување, условите за нормална работа и потребните ограничувања. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Современи системи за дигитално управување и аквизиција на податоци. DCS и SCADA систем. Компоненти на SCADA систем. Автоматизација на ХЕЦ. Избор на модел на управување. Концепција и нивои на управување во ХЕЦ. Математичките модели на турбинска постројка. Граници на работа на системот за управување со ХЕЦ. Автоматизација на ТЕЦ, Хиерархија на управување на ТЕЦ. Технологија на системите за управување со термоенергетски постројки. Регулација на моќност кај термоенергетски блок. Функции на следење, управување и заштита, функции на блокада во трафостаниците. Архитектура на системот за автоматизација на трафостаници. Регулација на фреквенција. Регулација на напон и реактивна моќност. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери, самостојна изработка на домашни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 25 | |||||||
16.3. Домашно учење | 50 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 5 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 85 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Реализирани активности од 15.1-16.3 | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити ( во времетраење од 120 минути). Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои ги положиле парцијалните испити/писмениот испит може да се спроведе завршен устен испит. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните/писмени испити, активности и завршниот устен испит. За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Анкети и прашалници | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Katsuhiko Ogata | Modern Control Engineering Fifth Edition | Prentice Hall,New Jersey | 2010 | ||||
2 | Вангел Фуштиќ | Автоматизација на електроенертгетски објекти-интерна скрипта | ЕТФ | 1998 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | David Lindsley | Power-plant control and instrumentation: the control of boilers and HRSG systems | Institution of Electrical Engineers, London, UK | 2005 |