Веројатност и статистика

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Веројатност и статистика
2. Код 4ФЕИТ08Л001
3. Студиска програма КТИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/4 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Математика 1, Математика 2
10. Цели на предметната програма (компетенции). Овој курс има за цел да обезбеди разбирање на основните концепти од теорија на веројатност и статистичка анализа. По завршување на курсот, студентот е способен:
• да пресметува веројатност на случајни настани,
• да ја користи Баесовата теорема,
• да го разбере и користи концептот за случајна променлива,
• да ја интерпретира и применува централната гранична теорема,
• да ги разбира основните статистички поими и алатки,
• да користи техники за одредување точкасти оценки и интервали на доверба,
• да избира соодветни статистички тестови и да врши тестирање на хипотези,
• да користи софтвер за визуелизација и статистичка обработка на податоци,
• да донесува заклучоци и да ги презентира добиените резултати од статистичка анализа,
• да решава проблеми од компјутерски технологии и инженерство со примена на веројатносни и статистички методи.
11. Содржина на програмата: Комбинаторика, аксиоми на веројатноста, геометриска и условна веројатност. Независни настани, тотална веројатност и Баесова формула. Случајна променлива, бројни карактеристики на случајна променлива, некои поважни распределби. Трансформација на случајна променлива. Случаен вектор, бројни карактеристики на случаен вектор. Трансформација на случаен вектор. Гранични теореми.
Вовед во статистика. Популација и примерок. Дескриптивни статистики. Точкасти оценки на непознати параметри. Методи за точкасто оценување. Интервали на доверба. Тестирање на параметарски и непараметарски хипотези. Користење на софтвер за статистичка обработка на податоци.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски вежби, самостојна работа
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 3 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 60
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 30
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовна посета на наставата и реализирани тестови
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (во 8. и 15. недела од семестарот, во времетраење од најмногу 90 минути) , а во текот на часовите може да се спроведат и тестови. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење најмногу 135 минути).

За студентите кои ги положиле парцијалните испити, односно писмениот испит, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење најмногу 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, односно писмениот испит, поените од задачите предвидени за индивидуална работа на студентот (домашни работи), поените од тестовите и завршниот устен испит.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 А. Бучковска, К. Хаџи-Велкова Санева, С. Атанасова Вовед во веројатност за инженери ФЕИТ/УКИМ 2018
2 К. Хаџи-Велкова Санева, С. Атанасова, А. Бучковска Збирка решени задачи од веројатност УКИМ 2016
3 Douglas C. Montgomery, George C. Runger Applied Statistics and Probability for Engineers John Wiley & Sons, Inc. 2003
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Д. П. Берцекас, Џ. Н. Цициклис Вовед во веројатност АРС Ламина 2012
2 Џ. А. Рајс Математичка статистика и анализа на податоци Арс Ламина 2014