1. Наслов на наставниот предмет | Ветерни електрични централи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ04З001 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕПМ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Софија Николова-Поцева | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Ислушани: Обновливи извори на електрична енергија | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување стручни знаења за експлоатацијата, управувањето и интегрирањето на ветерните електрични централи во ЕЕС. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Ветерни електрични централи (ВЕЦ) и нивни составни компоненти. Концепти за конверзија на енергијата на ветерот во електрична. Вертикална распределба на брзината на ветерот. Ефекти кои влијаат врз искористливиот енергетски потенцијал на ветерот. Статистички модели за анализа на податоците на ветерот. Пристапи базирани на Вејбулова и Рејлиева распределба за проценување на расположливиот енергетски потенцијал на ветерот на потенцијална локација. Енергетска карактеристика и карактеристични области на работа на ветерна турбина. Фактор на капацитет. Моделирање на енергетска карактеристика на ветерна турбина. Одредување на произведена електрична енергија од ВЕЦ. Анализа на различни сценарија на распоред на ветроагрегати во ВЕЦ и нивна споредба од аспект на очекуваното производство на електрична моќност. Систем за управување на ВЕЦ. Интегрирање на ВЕЦ во ЕЕС. Стратегии за регулација на реактивната моќност и напонот. Хибридни енергетски системи со интегрирани ВЕЦ. Механизми за подржување на ВЕЦ. Искуства на земји со високо ниво на пенетрација на ВЕЦ во системот. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери и примена на специјализиран софтвер за пресметки и анализи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 0 | |||||||
16.3. Домашно учење | 105 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 100 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Преку два парцијални писмени испити (времетраење по 2 часа секој) или завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа). Студентот треба да изработи семинарска работа и истата да ја предаде до крајот на семестарот во кој се слуша предметот. Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит и изработената семинарска работа. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Santhyajith Mathew | Wind Energy: Fundamentals, Resource Analysis and Economics | Springer | 2006 | ||||
2 | B.Fox, D.Flynn, L.Bryans, N.Jenkins, D.Milborrow, M. O’Malley, R.Watsn, O.Anaya-Lara | Wind Power Integration:Connection and System Operational Aspects | The Institution of Engineering and Technology, United Kingdom | 2007 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Vaugh C. Nelson | Wind energy: Renewable Energy and the Environment | Taylor & Francis Group | 2009 | ||||
2 | Gary L.Johnson | Wind Energy Systems | Electronic Edition, Manhattan, KS | 2006 |