| 1. | Наслов на наставниот предмет | Ветрогенераторски системи и технологии | ||||||||||
| 2. | Код | 4ФЕИТ02002 | ||||||||||
| 3. | Студиска програма | 1-ОИЕ | ||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) | Факултет за електротехника и информациски технологии | ||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | ||||||||||
| 6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | |||||||
| 8. | Наставник | Д-р Влатко Стоилков | ||||||||||
| 9. | Предуслов за запишување на предметот | |||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со знаења за развојот и современите трендови на експлоатацијата на енергијата на ветрот во ветрогенераторските системи, како и применетите технологии за оптимално искористување на енергијата на ветрот. Студентите ќе се стекнат со компетенции за анализа на ветрогенераторските системи и примената на современи технологии во областа на искористувањето на енергијата на ветрот. | |||||||||||
| 11. | Содржина на програмата: Ветрот како обновлив и неисцрпен извор на енергија. Енергија и моќност на ветрот. Ветерни турбини во хоризонтална и вертикална изведба. Видови електрични машини за ВГС. Активна, пасивна и комбинирана регулација на моќноста во ВГС. Аеродинамика на ветерните турбини. Компаративна анализа на ветрогенераторските и конвенционалните извори на енергија од аспект на влијанијата врз животната средина. Позитивни и негативна аспекти на искористувањето на енергијата на ветрот. Елементи на ветрогенераторските системи (ВГС). Современи технологии во ветрогенераторските системи. Ветрогенераторски полиња. Копнени и вонкопнени ветрогенераторски системи. Хибридни системи со вклучени ветрогенератори.. | |||||||||||
| 12. | Методи на учење: Настава поддржанa со презентации, интерактивни предавања, изработка на проекти и анализа на практични случаи, самостојна изработка на домашни задачи. | |||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | ||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | ||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | ||||||||
| 15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | ||||||||||
| 16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | ||||||||
| 16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | ||||||||||
| 16.3 | Домашно учење | 30 часови | ||||||||||
| 17. | Начин на оценување | |||||||||||
| 17.1 | Тестови | 20 бодови | ||||||||||
| 17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | ||||||||||
| 17.3. | Активност и учење | 30 бодови | ||||||||||
| 17.4. | Завршен испит | бодови | ||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | |||||||||
| од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | |||||||||||
| од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | |||||||||||
| од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | |||||||||||
| од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | |||||||||||
| од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | |||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | 60% од предвидените предиспитни активности | ||||||||||
| 20. | Начин на полагање на испитот | |||||||||||
| 21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | ||||||||||
| 22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација на крајот од семестарот | ||||||||||
| 23. | Литература | |||||||||||
| 23.1. | Задолжителна литература | |||||||||||
| Ред. број | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||||||
| 1. | Adel Abdelbaset et al. | Wind Driven Doubly Fed Induction Generator | Springer International Publishing | 2018 | ||||||||
 
			
