Вгнездени комуникациски системи

Последна измена: октомври 25, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Вгнездени комуникациски системи

2.    Код

3ФЕИТ10Л008

3.    Студиска програма

ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Владимир Атанасовски

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со временски тригерирани комуникации. Детална анализа на омрежени вгнездени системи користејќи реални апликации. Запознавање со релевантни протоколи за вгнездени комуникациски системи. Практични ограничувања при имплементација на TCP/IP протоколен стек во вгнездени системи. Дизајн и имплементација на вгнездени комуникациски системи. Вовед во embedded Android.

11.    Содржина на програмата: Поим за вгнездени комуникации (embedded communication). Разлики помеѓу комуникација за генерални цели и комуникација за тесни, затворени потреби. Клучни концепти кај вгнездени комуникации (настански наспроти состојбено базирани комуникации, пронаоѓање на најсоодветен протокол за работа во реално време, детекција на грешка и дијагностика). Комуникациска архитектура на вгнездени системи. Топологии кај вгнездени комуникации. Дистрибуирана зависност. Редундантност. Преживливост и одржливост. Формални методи за верификација на комуникациските протоколи за вгнездени комуникации. Расположливи алатки, техники и метрики. Android Open Source Project (AOSP). CyanogenMod. Креирање сопствен Android ROM. IoTivity архитектура и симулатор.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи, поканети предавања на експерти од индустрија

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

R. Ye Embedded Programming with Android: Bringing Up an Android System from Scratch (Android Deep Dive) Addison-Wesley 2015

2

R. Obermaisser Time-Triggered Communication (Embedded Systems) CRC Press 2011

3

S. Scaglia The Embedded Internet: TCP/IP Basics, Implementation and Applications Addison-Wesley 2007