Вградливи микрокомпјутерски системи

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Вградливи микрокомпјутерски системи

2.    Код

3ФЕИТ05З007

3.    Студиска програма

КТИ, КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Јосиф Ќосев

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Ги разбира процесите при проектирање на вградлив систем и ги разбира проблемите поврзани со работа во реално време. Познава современ микроконтролер за аплицирање во практиката. Владее со алати (CAD) за проектирање хардвер и софтвер за вградливи системи. Познава средства за реалновременска проценка и проектирање. Умее да проектира едноставни до малку сложени системи.

11.    Содржина на програмата: Вовед – дефиниција на вградлив систем, примери, општ тек на дизајн на вградлив систем; вградливи системи базирани на ARM CORTEX-M архитектурата – јадро, интерни компонен¬ти (меморија, такт единица), перифе¬рии (дигитален В/И, контролер за прекини, тајмер, ИШМ, А/Д и Д/А, асинхрона и синхрона сериска комуника¬ција, други периферии); хардверско-соф¬тверски прашања; прекини и програмирање, реалновременски проблеми; опера¬тивни системи за реално време, пример на RTOS, алати за развој, дебагирање и тестирање

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, проектни задачи

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

15

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

15

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработени лабораториски вежби/ проектна задача

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Arnold S. Berger

Embedded Systems Design

CMP Books

2002

2

David Simon

An Embedded Software Primer

Pearson Education

2005

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Trevor Martin

The Insiderr’s Guide to Cortex M3 Microcontrollers

Hitex (UK) Ltd.

2009

2

Jean Labrose

μC/OS-II, The Real-Time Kernel

Micrium Press

1999

3

Петер Марведел

Вградени Системи

Влада на РМ

2010