1. Наслов на наставниот предмет | Виртуелна инструментација во LabVIEW | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ03Л001 | |||||||
3. Студиска програма | КТИ,ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6, IV/8 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Живко Коколански | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | ||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување на знаења од виртуелните мерно-информациски и мерно-управувачки системи. Способност за решавање проблеми преку развој и имплементација на виртуелни инструменти и системи за аквизиција на податоци. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Поим за виртуелна и софтверски-дефинирана инструментација. Карактеристики на виртуелни мерени инструменти. Повеќеканални системи за аквизиција на податоци. Интерфејс на еднокрајни и диференцијални сигнали. Техники на елиминирање шум, активно и пасивно оклопување. Заземјување на системите за аквизиција на сигнали. Техники за складирање, телеметриски пренос, и анализа на мерни податоци. Виртуелна инструментација и LabVIEW, LabVIEW околина, променливи и нивно декларирање, низи и матрици, циклуси, машини на состојби, полиња и кластери, графички кориснички интерфејс, работа со датотеки, прибирање податоци, мерење и генерирање сигнали, напредни својства на LabVIEW, мерно-управувачки системи во LabVIEW, комуникациски интерфејси во LabVIEW, дистрибуирани мерења со LabVIEW. Професионални програмски архитектури: машина на состојби, архитектура со прекини, паралелна архитектура. Асинхрона комуникација. Техники за синхронизација и елиминирање на услови за престигнување. Техники за програмско справување со грешки. Специјализирани модули во LabVIEW. Контрола на општ и наменски хардвер со LabVIEW. |
||||||||
12.Методи на учење Предавања, лабораториски вежби, тестови, проектни задачи, самостојно учење. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и лабораториските вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два теста на една третина и две третини од крајот на семестарот, во времетраење од 45 минути кои се спроведуваат во текот на часовите, завршен испит, активност за време на часовите и изработка на на проектна задача. Во конечната оценка влагуваат поените од тестовите, завршниот испит, активноста и проектната задача. Во предвидените испитни сесии се полага завршен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и проектната задача. Проектната задача студентот ја работи за време на лабораториските вежби и мора да демонстрира практично решение и техничка документација две недели пред крајот на семестарот. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | B. Jakovljevic, Z. Kokolanski, B. Velkovski, et al. | Control, Virtual Instrumentation and Signal Processing Use Cases Practicum | Universitet u Novom Sadu, Fakultet Tehnickih Nauka | 2019 | ||||
2 | J. Jerome | Virtual Instrumentation Using LabVIEW | Prentice Hall India Learning Private Limited | 2010 | ||||
3 | J.Beyon | Labview Programming, Data Acqusition and Analysis | Prentice Hall | 2001 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Ж. Коколански | Виртуелна инструментација во LabVIEW – мултимедијална скрипта | ФЕИТ | 2014 | ||||
2 | J. Travis J.Kring | Labview for everyone | Prentice Hall | 2007 | ||||
3 | G. Johnson R.Jennings | Labview Graphical Programming | McGraw Hill | 2006 |