Вмрежени системи за управување и управување во реално време

Последна измена: ноември 11, 2019

Предмет: Вмрежени системи за управување и управување во реално време

Код: 3ФЕИТ01003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Горјан Наџински

Цели на предметната програма (компетенции): Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со повисоките нивоа на SCADA и дистрибуираните системи, проектирањето на хиерархиски SCADA системи и апликативното програмирање на вакви системи. Исто така во рамките на овој предмет студентите ќе се обучат за работа со системи кои се критични во однос на времето (реално временски системи).

Содржина на предметната програма: Повеќенивоовска организација на системите за управување и надгледување на постројките и процесите, интегрирани информациони системи на ниво на фабрика. Дистрибуирани компјутерски системи за работа во реално време: Мерење и моделирање на задоцнување во комуникациски мрежи. Управување во затворена јамка преку комуникациска мрежа. Проектирање и работа со повеќе нивоовски дистрибуирани системи.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Richard M. Murray An Introduction to Networked Control Systems California Institute of Technology 2006

2

Fei-Yue Wang, Derong Liu Networked Control Systems – Theory and Applications Springer-Verlag 2008

3

Xia, Fu, Liu Analysis and Synthesis of Networked Control Systems Springer-Verlag 2011