| 1. | Наслов на наставниот предмет | Вмрежени системи за управување и управување во реално време | |||||||||||
| 2. | Код | 4ФЕИТ01004 | |||||||||||
| 3. | Студиска програма | 2-ЕМА, 6-АРСИ | |||||||||||
| 4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
| 5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
| 6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
| 8. | Наставник | Д-р Горјан Наџински | |||||||||||
| 9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
| 10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со повисоките нивоа на SCADA и дистрибуираните системи, проектирањето на хиерархиски SCADA системи и апликативното програмирање на вакви системи. Исто така во рамките на овој предмет студентите ќе се обучат за проектирање на и работа со системи чие функционирање е критично во однос на времето (реално временски системи). |
||||||||||||
| 11. | Содржина на програмата:
Повеќенивоовска организација на системите за управување и надгледување на постројките и процесите, интегрирани информациони системи на ниво на фабрика. Дистрибуирани компјутерски системи за работа во реално време: Мерење и моделирање на задоцнување во комуникациски мрежи. Управување во затворена јамка преку комуникациска мрежа. Проектирање и работа со повеќенивоовски дистрибуирани системи. |
||||||||||||
| 12. | Методи на учење:
Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). |
||||||||||||
| 13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
| 14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
| 15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
| 15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
| 16. |
Други форми на активности |
16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
| 16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
| 16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
| 17. |
Начин на оценување |
||||||||||||
| 17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
| 17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
| 17.3. | Активност и учење | 0 бодови | |||||||||||
| 17.4. | Завршен испит | 50 бодови | |||||||||||
| 18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
| од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
| од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
| од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
| од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
| од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
| 19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Успешно изработена проектна задача. | |||||||||||
| 20. | Начин на полагање на испитот |
Предвидена е проектна задача, која студентите треба да ја реализираат и презентираат во текот на семестарот. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит и/или завршен усен испит. За студентите кои го положиле писмениот испит, и кои претходно, за време на семестарот ја реализирале и презентирале проектмата задача, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот испит и поените добиени од проектната задача. |
|||||||||||
| 21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
| 22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
| 23. | Литература | ||||||||||||
| 23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
| Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
| 1. | Xia, Fu, Liu | Analysis and Synthesis of Networked Control Systems | Springer-Verlag | 2011 | |||||||||
| 2. | Fei-Yue Wang, Derong Liu | Networked Control Systems – Theory and Applications | Springer-Verlag | 2008 | |||||||||
| 3. | Svrcek, Mahoney, Young | A Real-time Approach to Process Control | Wiley | 2006 | |||||||||
| 23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
| Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
| 1. | Manesis, Nikolakopoulos | Introduction to Industrial Automation | CRC Press | 2018 | |||||||||

