Водење проекти и апликации во електротехниката

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Водење проекти и апликации во електротехниката

Код: 3ФЕИТ04001

Број на ЕКТС кредити: 4 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Невенка Китева Роглева

Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс студентот ќе биде охрабрен за претприемништво и иницирање проекти во техниката. Ќе биде запознаен со вештините: водење на технички проекти и изработка на проектен план со дефинирање на динамика на проектот. Студентот ќе ги усоврши вештините на комуникација во проектите (документација, преговарање и презентарање на проекти). Студентот ќе биде оспособен за менаџирање и мотивирање на членовите во тимот, разбирање на организациската култура, интерперсонални стратегии и развој на личен лидерски пристап.

Содржина на предметната програма: Дефиниција на проект и проектен менаџмент. Иницијализација на проект, проектна документација, Project Charter. Планирање, организирање и водење на проекти. Клучни субјекти во проектите. Организирање проектни тимови и  водење во проекти. Параметри на проектен менџмент. Можности и ризици во проекти. Економски аспекти на проектите. Бизнис план и критериуми за успех на проектите. Реални проекти и апликации како случаи за анализа.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Robert J. Anderson, William A. Adams Mastering Leadership: An Integrated Framework for Breakthrough Performance and Extraordinary Business Results Wiley 2015

2

Kaye Remington Leading Complex Projects Gower 2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Scott Berkun Making Things Happen: Mastering Project Management O’Reilly 2008