Водење проекти, менаџмент и претприемништво

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Водење проекти, менаџмент и претприемништво

Код: 3ФЕИТ04002

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Невенка Китева Роглева

Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс студентот ќе биде оспособен за водење проекти и организација на човечките ресурси на сложени проекти; поседување вештини на комуникација во проектите, преговарање, договарање; разбирање и правење план за комуникација и поседување комуникациски вештини. Стекнување знаења за мотивационите фактори, креативноста и значењето на иновациите за развој на бизнисот и претприемништвото. Стекнување знаење за тековната регулатива и поттикнувачките механизми за равој на бизнис и претприемништвото.

Содржина на предметната програма: Водење и менаџирање во современа организациска култура. Распознавање на различни лидерски стилови за водење во однос на стратешко планирање. Водење на проекти. Организација според проектите. Организирање на групите во тимови. Менаџирање на конфликти. Вештина на преговарање. Развој на аналитички и одлучувачки вештини за справување со комплексни концептуални проблеми во етички смисол. Комуникациска стратегија. Пишување и говорење. Project Portfolio Management и PMO –Стандардна проект менаџмент канцеларија. Презентирање во различни проектни ситуации.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Robert J. Anderson and William A. Adams Mastering Leadership: An Integrated Framework for Breakthrough Performance and Extraordinary Business Results Wiley 2015

2

Kaye Remington Leading Complex  Projects Gower 2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Scott Berkun Making Things Happen: Mastering Project Management (Theory in Practice) O’Reilly 2008