1. Наслов на наставниот предмет | Вовед во микроконтролери и индустриски апликации | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ06Л001 | |||||||
3. Студиска програма | ЕАОИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | II/4 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Благоја Марковски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Основи на електрични кола, Основи на електротехника | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со микроконтролери, нивните конструктивни и експлоатациони особености и примена. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособени за развој на хардверска и софтверска поддршка на микроконтролерски базирани системи во индустриски, електроенергетски и други апликации. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Запознавање со микроконтролерите, нивните особености, можности и ограничувања, со посебен акцент на PIC микроконтролерите. Влезно/излезни порти и нивни специјални функции. Електрично коло со микроконтролер, неопходни придружни компоненти, поврзување со сензори и потрошувачи. Запознавање и примена на програми за дизајнирање, симулација и тестирање на кола со микроконтролери. Примена на аналогно дигиталната конверзија, интерапти, бројачи, тајмери, широчинско-импулсна модулација и други специјални функции. Комуникациски протоколи, комуникација со периферни уреди и компјутер. Техники за тестирање на кодот, пронаоѓање и отстранување на грешки преку анализа на содржина на регистри. Анализа, планирање и реализација на едноставни микроконтролерски базирани системи во индустриски, електроенергетски и други апликации. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку дискусии и анализи на едноставни практични проблеми, планирање и изработка на проектни задачи и лабораториски вежби. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 0 + 2 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 15 | |||||||
16.3. Домашно учење | 60 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 30 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 30 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 30 | |||||||
Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Посетеност на наставата и навремено изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 60 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и лабораториски вежби. Услов за положување на предметот преку парцијални испити е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности (колоквиуми, тестови и лабораториски вежби). Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Услов за положување на предметот преку писмен испит е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности (испит, тестови и лабораториски вежби). Студентот треба да изработи индивидуална проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до крајот на семестарот. За време на испитот и тестовите дозволено е користење корисничко упатство, книги, скрипти и компјутер. Комуникација или консултација со други лица за време на испитот е строго забранета. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Milan Verle | PIC Microcontrollers – Programming in Basic | MikroElektronika | 2010 | ||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Tim Wilmshurst | Designing Embedded Systems with PIC Microcontrollers | Elsevier | 2007 | ||||
2 | Dogan Ibrahim | Advanced PIC Microcontroller Projects in C: From USB to RTOS with the PIC 18F Series | Elsevier | 2008 |