1. Наслов на наставниот предмет |
Вовед во наноматеријали и нанотехнологии |
2. Код |
4ФЕИТ08З002 |
3. Студиска програма |
NULL |
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
5. Степен |
Прв циклус студии |
6. Академска година / семестар |
|
7. Број на ЕКТС |
6 |
8. Наставник |
Д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска |
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положени: Физика 1 , Физика 2 |
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со наноматеријалите и нивните уникатни својства. Можности за примена во нови уреди од напредни технологии во подрачјето на електроинженерството и компјутерските технологии. |
11. Содржина на програмата: Елементи од физика на материјалите. Дефинирање на наноматеријалите. Класификација на наноматеријалите според структурата и според материјалот. Видови наноматеријали (полупроводнички и метални наноструктури, јаглеродни наноструктури, квантни точки, композитни нанструктури и дендримери-полимерни наноматеријали). Физички својства и техники за карактеризација на наноматеријали. Современи технологии за добивање на материјали со уникатни својства и наноструктури. Мултиапликативност на нанотехнологиите: основни елементи и примери од наноелектроника, наномагнетизам и нанофотоника. Примена на наноматеријалите во современите компјутерски архитектури (мемориски единици, процесори, CMOS и SOI MOSFET во микропроцесори, микроконтролери, статички RAM, VLSI и ULSI чипови, DRAM). Перспективи во развојот на наноматеријалите и нанотехнологиите |
12.Методи на учење Предавања, презентации, аудиториски и лабораториски вежби |
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 |
14. Распределба на расположивото време |
180 |
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
30 |
16.2. Самостојни задачи |
30 |
16.3. Домашно учење |
45 |
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
17.2. Семинарска работа/проект |
20 |
17.3. Активност и учење |
10 |
17.4. Завршен испит |
60 |
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
од 51до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
од 61до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
од 71до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
од 81до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
од 91до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Изработени лабораториски вежби |
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите, …). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, се смета дека испитот е положен. Останатите студенти полагаат завршен испит нa целиот наставен материјал (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/ завршниот испит и тестовите. |
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети |
23. Литература |
23.1. Задолжителна литература |
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Chris Binns |
Introduction to Nanoscience and Nanotechnology |
John Wiley & Sons |
2021 |
2 |
Edward L. Wolf |
Nanophysics and Nanotechnology: An Introduction to Modern Concepts in nanoscience |
Wiley VCH |
2015 |
23.2. Дополнителна литература |
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Marc Baldo |
Introduction to Nanoelectronics |
MIT OpenCourseWare Publication |
2011 |