1. Наслов на наставниот предмет | Заземјувачи и заземјувачки системи во електроенергетските мрежи | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09З008 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Мирко Тодоровски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Високонапонски мрежи и системи | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Разбирање на опасностите од напон на допир и чекор во согласност со прописите кај нас и во светот. Oспособеност за пресметка на отпорност на заземјувачи и распределба на потенцијали во нивна близина. Оспособеност за примена на методи за решавање на сложени заземјувачки системи составени и повеќе мрежести заземјувачи, надземни водови и кабли. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед. Област на изучување. Задача и основни карактеристики на заземјувачите и заземјувачките системи (ЗС) во електроенергетските мрежи (ЕЕМ). Моделирање концентрираните заземјувачи. Заемно влијание на блиските заземјувачи. Нумеричко решавање на концентрираните заземјувачи. Примена на готови софтверски алатки. Надземни водови како елементи на ЗС. Заземјувачи на столбовите и трафостаниците за висок и среден напон. Типски решенија и нивни карактеристики. Ударна импеданција. Модел на ЗС на надземен вод, детално и приближно моделирање. Редукционен фактор. Енергетски кабли како елементи на ЗС. Модел со распределени параметри и модел со еквивалентен четворокрајник. Редукционен фактор. Извезување на потенцијалот. Останати видови концентрирани заземјувачи во ЕЕМ. Сложени ЗС во ВН преносни мрежи. Пресметка на распределбата на потенцијалите и струите на земјоспој. ЗС на СН дистрибутивни мрежи, третман на неутралната точка, практика, препораки, техничка регулатива. Современи нумерички постапки за решавање на ЗС. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на предавањата и вежбите. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Два парцијални испита (по 120 min) или завршен испит (120 min). Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти. За време на испитите е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Р. Ачковски, М. Тодоровски | Заземјувачи и заземјувачки системи во електроенергетските мрежи (рецензиран учебник) | ФЕИТ, Скопје | 2017 | ||||
2 | J. Nahman | Uzemljenје neutralne tačke distributivnih mreža | Naučna knjiga, Beograd | 1980 | ||||
3 | L. L. Grigsby | The Electric Power Engineering Handbook, part: Substation Grounding | CRC PRESS, IEEE PRESS | 2001 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | – | Технички препораки, правилници и стандарди | – | NULL | ||||
2 | Д. Рајичиќ | Вовед вo дистрибутивни електроенергетски системи | ЕТФ, Скопје | 1995 |