Институт за компјутерски технологии и инженерство

Како една од организационите единици на Факултетот, Институтот за компјутерски технологии и инженерство (КТИ) ја негува и развива наставната и научно – апликативната дејност од областа на компјутерски технологии и инженерство, вклучувајќи компјутерско, информатичко и комуникациско инженерство.

Моментално на Институтот во наставниот процес се вклучени следните наставници и соработници: вонр.проф. д-р Даниел Денковски – раководител на Институтот, проф. д-р Марија Календар, вонр.проф д-р Данијела Ефнушева, доц. д-р Горан Јакимовски, вонр. проф. д-р Христијан Ѓорески, асистент – докторанд м-р Ана Чолакоска, асистент Бојана Величковска и асистент Емилија Кижевска.

вонр.проф. д-р Х. Ѓорескиасистент-докторанд м-р А. Чолакоскавонр.проф. д-р Д. Денковским-р Б. Величковска; проф. д-р М. Календар; доц. д-р Г. Јакимовскивонр.проф. д-р Д. Ефнушева; Е. Кижевска (од лево кон десно)

Постоењето и развитокот на КТИ е резултат на севкупниот развиток на факултетот во овие 60 години постоење. Почетоците се од академската 1971 / 1972 година со формирањето на катедрите по електроника и техничка кибернетика. Во тоа време, набавен е првиот компјутер на Факултетот ИБМ 1130 и е формирана лабораторија за обработка на податоци. Тогаш започнуваат првите наставни дисциплини од програмирање и дигитални сметачки машини. Со основањето на Електротехничкиот факултет 1977. год., областите за компјутерски науки и информатика се негуваа во рамките на Институтот за електроника.

Вистинскиот развој на КТИ започна со формирањето на Заводот кој прерасна во Институт за компјутерска техника и информатика (ИКТИ) во раните осумдесетти години. Меѓу првите области кои се негувале биле компјутерските архитектури и мрежи, системски софтвер, вештачка интелигенција, обработка на податоци и бази на податоци. Позначајно окрупнување на Институтот се случи во деведесеттите години, кога наставниот кадар значително се зголемува. ИКТИ како таков опстојува сè до 2011. година, кога дел од наставниот кадар заминува на новоформираниот факултет ФИНКИ. ИКТИ во рамките на ФЕИТ продолжува како КТИ и се фокусира на инженерската компонента од компјутерските технологии во сите дејности.

Првите наставници кои ги формираа основните области што ги негува КТИ се: проф. д-р А. Грнаров, проф. д-р Д. Давчев, проф. д-р С. Божиновски и проф. д-р Д. Михајлов. Позначајно проширување на Институтот се случува во деведесеттите години со наставниците: проф. д-р З. Зографски (in memoriam), д-р К. Гошева, проф. д-р А. Тентов, проф. д-р С. Лошковска и проф. д-р Г. Стојанов, дел од кои својата кариера ја продолжија во САД и Европа. По 2000. год. Институтот се прошири со нови наставници и соработници. Во 2011. година, дел од наставниот кадар заминува на новоформираниот факултет ФИНКИ. Останатиот дел од кадарот на КТИ, меѓу кои наставниците: проф. д-р А. Тентов, проф. д-р М. Календар, доц. д-р С. Велева, доц. д-р Д. Ефнушева, останува на ФЕИТ и продолжува да ја развива дејноста на Институтот. Потоа Институтот се проширува со неколку соработници: д-р Горан Јакимовски, м-р Маја Маленко и м-р Гоце Докоски, како и демонстратор м-р Сашка Ѓорѓиевска. Некои од нив подоцна заминуваат поради професионално надградување. Во 2016. година на Институтот се приклучуваат и вонр. проф. д-р Даниел Денковски и доц. д-р Христијан Ѓорески, како и асистент – докторанд м-р Ана Чолакоска.

Овој Институт денес е одговорен за покривање на предметите од областа на компјутерските технологии и инженерство на студиската програма КТИ, но и на други програми, на првиот циклус студии на ФЕИТ (20 предмети во зимскиот и 23 предмети во летниот семестар). Како основни области поддржани од КТИ може да се наведат: компјутерски архитектури и мрежи, компјутерско – комуникациски системи, алгоритми и структури на податоци, компјутерска и комуникaциска безбедност, дизајн на компјутерски хардвер и микропроцесори, бази и складишта на податоци со податочно рударење, вештачка интелигенција и интелигентни системи и мрежи, машинско учење, дистрибуирани информациони и мобилни системи, оперативни системи, микропроцесори и вградливи системи, безжични, мобилни и сензорски мрежи, веб апликации и сервиси.

Институтот е одговорен и за три студиски програми на вториот циклус студии: Наменски компјутерски системи, Компјутерски мрежи – Интернет на нешта и програмата Интернет и мобилни сервиси и апликации (заедничка со Институтот за ТК). Институтот е одговорен и за првата студиска програма на ФЕИТ, во рамки на вториот циклус студии на англиски јазик, Dedicated еmbedded computer systems and IоТ со можност за двојна диплома организирана заедно со Универзитетот Анхалт, Германија.

Во однос на третиот циклус студии, Институтот е одговорен за низа предмети на студиските програми Електротехника и информациски технологии и Метрологија.

Во текот на минатите децении КТИ бележи богата издавачка дејност на многубројни учебни помагала, книги, скрипти, како и електронски материјали во облик на: збирки, интерни скрипти од предавања и вежби, упатства за лабораториски вежби и слично.

Една од основните дејности на КТИ е и развој на научни истражувања во различни области од компјутерското, информатичкото и комуникациското инженерство. Низ годините на Институтот се изработени повеќе национални и меѓународни научно – истражувачки проекти од кои во последните 10 години најзначајно е да се споменат меѓународните научно – истражувачки проекти:  VISION, 2010 – 2015, ERC Grant со Унив. Аквила, Италија; Activity recognition on mobile phones, HUAWEI&Univ. of Sussex, 2016 –; IHP – FEEIT Joint Research Intitative, 2016, DFG Grant, со IHP и Унив. Котбус, Германија.

Од своето постоење до денес, членовите на Институтот своите научни истражувања ги имаат публикувано во бројни зборници од научни и домашни конференции, како и голем број меѓународни научни списанија. Во последните 10 години членовите на Институтот имаат објавено над 40 – тина научни труда на домашни конференции, над 150 труда на меѓународни конференции, како и над 50 – тина труда во меѓународни научни списанија и списанија со фактор на влијание.

Членовите на КТИ исто така се активни и во патентирање на своите иновации, вклучувајќи по една меѓународна апликација за патент во Велика Британија и Европската канцеларија за патенти и два одобрени патенти во Словенија.

Покрај тоа, членовите на КТИ се активни учесници во низа програмски одбори на меѓународни и домашни конференции: ETAI, IEEE-EUROCON, ICAIIT, SLAIS, ICT – Innov., EAI FABULOUS, IEEE BMSB, CogART и активно учествуваат во работата на македонските секции на меѓународната организација IEEE.

Денеска Институтот е ценет и почитуван субјект во релациите факултет – стопанство, за што говорат и некои капитални и значајни апликации од интерес за развитокот на нашето стопанство. Во последните 10 години најзначајно е да се споменат следните апликативни проекти: тековните проекти „BigDAF” со компанијата IskraTel, „DataScience” со компанијата ГрабИТ, развој на CRM софтвер за Cushman & Wakefield / FORTON, консултантските проекти со повеќе компании од стопанството како ЕЛЕМ, соработки со голем број ИКТ компании и сл.. Во рамките на апликативната дејност, Иститутот е одговорен за координација на Microsoft Imagine академија и авторизиран Certiport тестинг центар за Microsoft сертификација, кои од 2019. год. функционираат при ФЕИТ. Институтот, преку проф. Тентов, е активно вклучен и во развојот на факултетската лабораторија ФЛАОП која опслужува лабораториски вежби за целиот Факултет.

Членовите на Институтот КТИ низ текот на годините се добитници на повеќе државни и индивидуални награди и признанија. Така, професорите Грнаров и Тентов се добитници на државната награда „11 Октомври“. Вонр. проф. М. Календар е добитник на наградата „Инженерски прстен“ за 2002 год. од Инженерската институција, под покровителство на Претстедателот на Р. Македонија, и тоа во првата година на доделувањето на оваа престижна награда. Доцентите Х. Ѓорески и Д. Денковски  се добитници на Наградата за најдобар млад научник за 2015 и 2016 година соодветно, доделена од Претседателот на Р. Македонија. Членовите на Инситутот се добитници на поголем број награди за најдобри истражувачки трудови на повеќе меѓународни конференции и награди на меѓународни натпревари во областите на истражување. Доц. Х. Ѓорески е дел од тимот што освојува прва награда за на Меѓународен натпревар за препознавање активности во Шпанија 2013 год. Доцен д-р Даниел Денковски е дел од тимот награден за две најдобри демо платформи на конференцијата DySPAN (2011 и 2015 г.).