Христијан Ѓорески


Биографија

Истражувач во полето на Вештачката Интелигенција и Машинското Учење, поконкретно развивање на алгоритми за обработка на податоци за градење на интелигентни системи кои што наоѓаат примена во здравството, грижа на стари лица. Дел од научните апликации во склоп на бројните научни проекти на кои што работел се: автоматско препознавање на човечки активности, автоматско препознавање на стрес, детекција на паѓање, оценување на потрошената човечка енергија во секојдневните активности, и слично.

Образование:

  1. PhD (2015 – Меѓународна Постдипломска Школа Јожеф Стефан, Љубљана, Словенија)
  2. MSc (2011 – Меѓународна Постдипломска Школа Јожеф Стефан, Љубљана, Словенија)
  3. BSc (2010 – Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Факултет за електротехника и информациски технологии-Скопје)

Работно искуство:

  • (2018- )    – Доцент, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје, Македонија
  • (2016-2017) – Подокторски истражувач, Сасекс Универзитет, Обединетото Кралство
  • (2015-2016) – Истражувач, Јожеф Стефан Институт, Љубљана, Словенија
  • (2010-2015) – Асистент истражувач, Јожеф Стефан Институт, Љубљана, Словенија

Награди и Признанија:

2019 Прво место на меѓународниот натпревар за препознавање на активности – ChallengeUP Multimodal Fall Detection (IJCNN, Budapest, Hungary).
2017 Најдобар Млад Научник за 2016 година. Награда доделена од Претседателот на Република Македонија.
2015 Најдобар истражувачки труд на Европската конференција за Амбиентална Интелигенција (European conference on Ambient Intelligence – AmI), со наслов: “Person Identification by Analyzing Door Accelerations in Time and Frequency Domain”.
2014 Награда за научни достигнувања со исклучителен квалитет и практично користење, на конференцијата ИПССЦ (6th International Postgraduate School Student Conference – IPSSC). Наслов на трудот: “Recognizing Human Activities and Detecting Falls in Real-time”.
2013 Прво место на меѓународниот натпревар за препознавање на активности – ЕВААЛ (International competition in Activity Recognition – EvAAL).

 

Google Scholar: http://scholar.google.com/citations?user=LOpq5BoAAAAJ&hl=en