1. Наслов на наставниот предмет |
Автомобилска електроника | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ05Л002 | |||||||
3. Студиска програма |
КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
IV/8 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Љупчо Караџинов | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Оспособување на студентот за разбирање на принципите на работа на електричните и електронските системи во автомобилите; оспособување за анализа, симулирање и проектирање на електронските системи за управување на механичките системи во автомобилите; оспособеност за тестирање и верификација на системите од автомобилската електроника. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед. Основни принципи. Автомобилски сензори за притисок, позиција, проток, температура, влажност, брзина, забрзување, кислород, торк, светло и растојание, карактеризација и моделирање, селекција на сензори, интерфејси, меморирање и процесирање на сигналите за специфични апликации. Системи за управување: моделирање на динамичкото однесување, временски и фреквенциски одѕив, методи на автоматско управување, анализа на стабилноста, дискретни и дигитални системи за автоматско управување, проектирање на контролери за автомобилски системи. Примена на уредите од енергетската електроника за управување на електричните мотори и актуатори кај автомобилите. Комуникациони протоколи: анализа и имплементација на комуникационите протоколи, пренос на податоци, кондиционирање на сигналите. Дијагностички протоколи. Електрични и хибридни возила. |
||||||||
12. Методи на учење: Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 0 + 2 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
15 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
0 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
90 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
20 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
30 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
50 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Изведени и колоквирани лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, времетраење 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи семинарска работа/проектна задача/ и истата да ја предаде најдоцна до завршување на наставата. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
анонимни анкети на студентите, самоевалуација, екстерна евалуација | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Tom Denton | Automobile Electrical and Electronic Systems, Fourth Edition | Butterworth-Heinemann | 2011 | ||||
2 |
Nicolas Navet, Francoise | Аutomotive Embedded Systems Handbook | CRC Press | 2009 | ||||
3 |
John F. Kershaw | Classroom Manual for Automotive Electrical and Electronic Systems | Prentice Hall | 2007 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
William B. Ribbens | Understanding Automotive Electronics, 5-th edition | Newnes | 2006 | ||||
2 |
Ronald k. Jurgen | Automotive Electronics Handbook, 2-nd edition | McGraw-Hill | 2007 |