Безжични канали

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Безжични канали

2.    Код

3ФЕИТ10З005

3.    Студиска програма

ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Зоран Хаџи-Велков

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со фундаменталните појави при пренос на телекомуникациските сигнали низ безжични радио канали, кои директно влијаат врз дизајнот и оптимизацијата на безжичните системи и мрежи. (Способност да ги анализира и опишува својствата на радио каналот и неговата интеракција со безжичните системи и мрежи со цел да ги избере соодветните системски параметри)

11.    Содржина на програмата: Радио фреквентни подрачја. Слабеење при простирање во слободен простор. Модел на безжичен канал со две патеки. Безжичен канал врз рамен и нерамен терен. Скетеринг. Дифракција од остри ивици. Модели на дифракција од реални препреки. Френелови зони. Безжичен канал во урбани средини. Медијана на слабеење во безжичен канал. Модел на слабеење со логаритам на растојание. Емпириски модели на радио канал. Модел на Hata-Okumura. Појава на засенување. Фединг. Анвелопа и фаза на фединг сигнал. Rayleigh-ев фединг. Rice-ов фединг. Доплеров ефект во безжични канали. Кларков модел на мобилен радио канал. Доплеров спектар. Време на кохеренција на безжичен канал. Честота на пресеци. Времетраење на испади. Фреквентна селективност и временска дисперзија. Кохерентен опсег на радио канал. Статистички профил на безжичен радио канал. Широкопојасен канал. WSSUS канал. Скетеринг функција на безжичен канал. Симулациско моделирање на безжични канали.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, семинарска работа/проект, самостојна работа,

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

20

16.2. Самостојни задачи

20

16.3. Домашно учење

65

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

40

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработени лабораториски вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот). Во текот на семестарот студентите може да се задолжат самостојно да изработат семинарски работи. За студентите кои ги положиле парцијалните испити може да се спроведе и завршен устен испит. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, поените од семинарските работи и завршниот устен испит.
Студентите кои наместо преку два парцијални испити, испитот го полагаат преку писмен испит, истиот го полагаат во предвидените испитни сесии. За студентите кои го положиле писмениот испит, може да се спроведе и завршен устен испит. Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, поените од семинарските работи и завршниот устен испит.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид. Дозволено е користење на калкулатор

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.  Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.  Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Зоран Хаџи-Велков Безжични канали Интерна скрипта 2015

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. D. Parsons The Mobile Radio Channel John Wiley & Sons 2000

2

M. Patzold Mobile Fading Channels John Wiley & Sons 2002