1. Наслов на наставниот предмет |
Дигитални телекомуникации 2 | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ10Л012 | |||||||
3. Студиска програма |
ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
III/6 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Александар Ристески | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положени: Теорија на информации Ислушани: Телекомуникациски системи | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со потребата од примена на различни кодирања во современите дигитални телекомуникациски системи. Својства на линиските кодови и модулациите со меморија. Проучување на различни кодни шеми за зголемување на доверливоста на пренос и нивно декодирање. Концепт за конкатенација на кодови и итеративно кодирање. Примена на кодни секвенци за сигнали со експандиран спектар. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед. Потреба од кодови. Класификација. Скремблирање. Линиски кодови и нивни спектри. Примена на линиските кодови. Линеарни блоковски кодови. Генераторска матрица и матрица за контрола на парност. Циклични кодови. BCH и Reed-Solomon-ови кодови. Тврдо и меко декодирање на блоковски кодови. Перформанси и споредба. Конволуциски кодови. Генерирање и претставување на конволуциски кодови. Преносна функција.Тврдо и меко декодирање на конволуциски кодови. Viterbi алгоритам. Перформанси и споредба.Трелис кодирана модулација. Примена на прости и сложени трелис кодови. Декодирање на трелис код со Витерби алгоритам. Модулациски постапки со меморија: CPFSK, MSK CPM, нивна претстава и нивна спектрална густина на моќност. Конкатенации на кодови. Сериска, паралелна, хибридна конкатенација. Принципи за нивно итеративно декодирање.Турбо кодови. Итеративно декодирање на турбо-кодирана кодна шема. Перформанси на турбо кодови. LDPC кодови. Декодирање и перформанси. Примена на кодирање за пренос на сигнал |
||||||||
12. Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
10 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
10 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
85 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
10 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
|
|||||||
17.4. Завршен испит |
80 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот, се полагаат два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од најмногу 90 минути) и тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и тестовите. Во испитните сесии се полага писмен испит (времетраење најмногу 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од испитот и тестовите. Со посебно упатство објавено пред секој испит, се уредува начинот на полагање и користењето на учебни помагала и електронски уреди за време на испитот |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Интерна скрипта за ДКТ2 (теорија и задачи) | |||||||
2 |
J. G. Proakis | Digital Communications | McGraw-Hill | 2001 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Проакис, Салехи | Дигитални комуникации, петто издание | 2010 |