Дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи

2.    Код

3ФЕИТ10З013

3.    Студиска програма

ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Тони Јаневски

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Моделирање на сообраќајот во телекомуникациските мрежи, изучување на механизмите за контрола на протокот, контрола на пристапот и начините на распределба на ресурсите во мрежата, анализа на квалитетот на сервисот, дизајн на телекомуникациски мрежи при дадени QoS барања, дизајн на корпоративни LAN мрежи, дизајн на пристапни мрежи, дизајн на транспортни мрежи, дизајн на мрежи за пренос на говор преку IP.

11.    Содржина на програмата: Вовед во дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи. Моделирање на сообраќај во телекомуникациски мрежи. Моделирање на Интернет сообраќај за различни апликации. Анализа на квалитет на сервисот на ниво на повик и на пакетско ниво. Моделирање на телекомуникациски мрежи. Контрола на протокот и рутирање. Контрола на пристапот и распределба на ресурсите во пристапни мрежи и скелетни мрежи. Квалитет на сервисите, управување со квалитетот на сервисот. Перформанси на мрежните јазли и на техниките за пристап до мрежата. Дизајн на пристапни мрежи (DSL мрежи, кабелски мрежи, оптика до дома).  Дизајн на безжични и мобилни мрежи со дадени перформанси. Дизајн на транспортни мрежи (VPN, оптички транспорт). Дизајн на мултимедиски пакетски мрежи со контрола на квалитетот на сервисите (RSVP, MPLS, диференцирани сервиси). Дизајн на корпоративни IP мрежи. Дизајн на мрежи за пренос на говор преку IP.

12.    Методи на учење: Методот на учење е базиран на теоретски предавања на студентите, дополнети со тематски аудиториски и лабораториски вежби. Консултации со студентите. Изработка на семинарски работи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

20

16.3. Домашно учење

85

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

90

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Завршени сите обврски по предметот, предавања, аудиториски и лабораториски вежби.

20.  Начин на полагање на испитот

Два колоквиуми во текот на семестарот или писмен испит во предвидените испитни сесии. Студентот опционално ќе може да изработи семинарска работа и да ја предаде до крајот на семестарот

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.  Метод на следење на квалитетот на наставата

Самоевалуација.

23.  Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Тони Јаневски Дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи ФЕИТ, интерна скрипта 2016

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Тони Јаневски NGN Architectures, Protocols and Services John Wiley and Sons 2014

2

Sharon Evans Telecommunications Network Modeling, Planning and Design IEE 2003