Дизајн и симулација во радио комуникации

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Дизајн и симулација во радио комуникации

2.    Код

3ФЕИТ10Л014

3.    Студиска програма

ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Славче Пејоски

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со принципите на системски дизајн во радио комуникациите, запознавање со структура на предаватели и приемници во радио телекомуникациските системи (Симулациско моделирање на предаватели и приемници во современи радио ТК системи).

11.    Содржина на програмата: Вовед во дизајн и симулација во радио комуникации. Структура на приемници. Радио подсистем. Подсистем во основен опсег. Нелинеарност на шум. Буџет на линк и ефект врз дизајнот на приемникот. Радио фреквентни подсистеми: засилувачи со низок шум, миксери, осцилатори, фреквентни синтетизатори, филтри. Карактеристики на приемници: Чувствителност и динамичен опсег, засилување, фактор на шум, динамичен опсег, меѓумодулација, реципрочно мешање. Архитектури на хетеродински приемник. Интерфернција. Контрола на интерференцијата во микробранови системи. Синхронизација на приемниците. Јамки со повратна врска. Фазни детектори. Структури на современи приемници.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

10

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

80

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

15

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби.

20.    Начин на полагање на испитот

Два колоквиуми во текот на семестарот или писмен испит во предвидените испитни сесии. Студентот опционално ќе може да изработи семинарска работа и да ја предаде до крајот на семестарот

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Самоевалуација

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

R. L. Freeman Radio system design for telecommunications Wiley 2007

2

U. Rohde, J. Whitaker Communications receivers: DSP. Software Radios, and Design McGraw-Hill 2003

3

G. Kalivas Digital radio system design Wiley 2009