1. Наслов на наставниот предмет |
Електроакустика | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ05З014 | |||||||
3. Студиска програма |
КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
III/5 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Бранислав Геразов | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање и владеење со теоретските основи за формирање, зрачење и простирање на звучните бранови во отворен и затворен простор. Разбирање на физиолошките механизми за перцепција на звукот. Оспособеност за моделирањето на сложени акустички системи, проектирање и изведба на системи за озвучување, проектирање на акустичка обработка и заштита од бучава. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Формирање и простирање на звучни бранови. Физички карактеристики на звукот. Зрачење на звучни бранови. Електроакустички и електромеханички аналогии. Физиолошка и психолошка акустика. Звучни бранови во затворен простор. Анализа на акустиката на простории, проектирање на акустичка обработка. Изолација од бучава. Говор и музика. Музичка акустика. Електроакустички преобразувачи. Микрофони. Основи на тонското снимање. Звучници. Системи за озвучување на отворен и затворен простор. Електроакустички системи за презервација и едитирање на аудио. Ултразвук и неговата употреба. Аероакустика. Подводна акустика. |
||||||||
12. Методи на учење: Предавања со поканети гости предавачи, аудиториски и практични вежби, проектни задачи, самостојно учење. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
30 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
0 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
75 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
20 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
10 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
60 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Ако студентот не ги положи парцијалните испити може во предвидените испитни сесии да полага писмен испит (времетраење 120 минути). За време на наставата се бодува активноста на студентот. Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до крајот на сесијата која следи по крајот на семестарот. Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити или испитот, активноста и проектната задача. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Хуснија Куртовиќ | Основи техничке акустике | Научна Књига Белград | 1992 | ||||
2 |
Leo L. Beranek, Tim Mellow | Acoustics: Sound Fields and Transducers | Elsevier Inc. | 2012 | ||||
3 |
F. Alton Everest, Ken Pohlmann | Master Handbook of Acoustics | McGraw-Hill | 2009 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
William J. Cavanaugh, Gregory C. Tocci, Joseph A. Wilkes | Architectural Acoustics: Principles and Practice | John Wiley & Sons, Inc. | 2010 |