1. Наслов на наставниот предмет |
Компресија и пренос на мултимедиски сигнали | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ10Л019 | |||||||
3. Студиска програма |
ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
IV/8 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Венцеслав Кафеџиски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Студентот ќе се стекне со теоретски и практични познавања на техниките и стандардите за кодирање (компресија) на говор, музика, слика и видео, дигитална телевизија, техники и протоколи за стриминг на мултимедиски сигнали, видео конференција и видео надгледување. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Компресија на податоци без загуби: Хафманово и аритметичко кодирање, техники базирани на речник (Лемпел – Зив кодирање). Вокодер методи за кодирање на говор: LPC, CELP и други. Трансформациско кодирање, кодирање на сигнали со подопсези и вејвлети. Кодирање на слика, постапки и стандарди. Кодирање на аудио. MPEG аудио кодирање: MP3, AAC, HE-AAC, xHE-AAC. Кодирање на видео: MPEG1, MPEG2, H261, H263, H.264/AVC, H.265/HEVC. Дигитална телевизија: терестријална, кабелска, сателитска. IPTV. Снабдувачи со содржина (Content Providers) и мрежи за доставување на содржина (Content Delivery Networks). Caching. OTT (Over The Top) снабдувачи и сервиси. Интернет телевизија. Видео стриминг. Live стриминг. Видео конференција и телеприсуство. Протоколи за стриминг во реално време. HТTP базирани стриминг протоколи. MPEG-DASH. Видео надгледување и примена. Пренос на мултимедиски сигнали преку мобилни системи од 4G и 5G. Caching: теоретски основи, мрежна архитектура, femtocaching, cashing во D2D мрежи. |
||||||||
12. Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, проектни задачи, посета на компании и предавања од експерти од стопанството. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
35 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
0 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
70 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
0 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
35 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
65 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби. За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи семинарска работа и истата да ја предаде најдоцна до терминот за испит. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред, освен калкулатор. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Венцеслав Кафеџиски | Компресија и пренос на мултимедиски сигнали | Интерна скрипта ФЕИТ | 2016 | ||||
23.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Калид Сајуд | Вовед во компресија на податоци, 4 издание | Морган Кауфман | 2012 | ||||
2 |
Бени Бинг | Видео кодирање и стриминг од следната генерација, 1 издание | Вајли | 2015 | ||||
3 |
Вес Симпсон | Видео преку IP: IPTV, интернет видео, H.264, P2P, WebTV и стриминг: комплетен водич за разбирање на технологијата | Фокал Прес | 2008 |